Македонски легенди

Никола Трајков

321 copy copy copy

321 copy copy copy

Никола Трајков ( 26. Ⅴ 1888 – 12. Ⅵ 1963) е македонски револуционер, историчар, дипломат. Учествувал во македонското национално-ослободително движење. Го проучувал делото на македонските преродбеници – Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Браќата Робевци, К. Мишајков. Голем интерес пројавил кон делото на Крсте Мисирков. Им помагал на младите македонски научници во ориентацијата по бугарските архивски институции.

Никола Трајков е роден на 26 мај 1888 година во селото Вранешица, Кичевско. Од мал живеел со родителите во Битола. Се школувал во Битола и Софија. На Софискиот универзитет завршил словенска филологија. Склон кон јазиците, тој добро го научил турскиот, грчкиот, влашкиот и албанскиот јазик. Работел како учител, новинар, дипломат и универзитетски  професор (по новогрчки јазик).

Учествувал во македонското национално-ослободително движење и учествувал на турнејата на Алберт Сониксен низ Македонија. За време на Лигушевската афера од 1906 година, учествувал во неуспешниот обид да се елиминира Петар Лигушев. Бил принуден да замине во Бугарија.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, доброволно се пријавил во Македонско одринско ополчение. Учествувал и во Првата светска војна.

По војните две години работел како гимназиски професор во Златица и Софија, по што започнал дипломатска кариера. Од 1921 до 1940 година работел во бугарските дипломатски преставништва во Букурешт, Романија, каде членувал во Македонското братство, и во Атина, Грција, а од 1940 до 1946 година – во Министерството за надворешни работи во Софија.

Никола Трајков започнал активно да се занимава со новинарство уште од 1911 година. Тој тоа го работел речиси целиот живот, пишувајќи не само за бугарски, туку и за романски и грчки периодични списанија. Истовремено, Трајков вршел историски истражувања и собирал документи за познатите македонски преродбеници Го проучувал делото на Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Браќата Робевци, К. Мишајков. Негов важен труд му е: „Браќа Миладиновци – П р е п и с к а“ (Софија 1964), издание на БАН, во кој објавува писма од Димитрија и Константин Миладиновци, како и документи за македонската преродба (Робевци, Шапкарев, Партенија Зографски, Митра Миладинова, Киријак Држиловец и др.), како и поголем број непознати дипломатски документи околу смртта на Миладиновци. Голем интерес пројавил кон делото на Крсте Мисирков. Им помагал на македонските научници во ориентацијата по бугарските архивски институции.

Никола Трајков починал на 12 јуни 1963 во Софија.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top