Македонски легенди

Атанас Атанасов – Божанин

Izvestaj od Stab

Izvestaj od Stab

Атанас Атанасов – Божанин  (1921 – 10. V 1975) е македонски партизан, учесник во антифашистичкото движење во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија.  Бил партизан во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ. Учествувал на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Во својот поздравен говор на Второто заседание на АСНОМ ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава.

Атанас Великов Атанасов е роден во 1921 година во Петрич. Бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ.

Со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 17 септември 1944 година во близина на селото Митрашинци – Беровско, на планината Плачковица е формирана 50-та Македонско Народно Ослободителна Дивизија на НОВЈ во чиј состав влегле 4та, 13-та и 14-та МНОУБ. На истиот ден е формирана и 14-та Македонска народноослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“, а во неа на позиција заменик командант од 23 април 1945 до крајот на војната, бил токму Атанас Атанасов.

Атанас Атанасов – Божанин учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. На Второто заседание ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава.

Во 1949 година бил уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по што поради своите македонски национални определби, е обвинет дека бил агент на УДБА и агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон НР Македонија, односно кон тогашната федерација Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ). Тој бил затворен и осуден од бугарските власти за време на Резолуцијата на Информбирото.

Атанас Атанасов – Божанин  починал на 10 мај 1975 година во Петрич.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top