Македонски легенди

Димитар Миовски

Mioski

Mioski

Димитар Миовски (1. IX 1913 – 25. V 1982) е македонски офталмолог, општественик, професор на Медицинскиот факултет. Бил учесник во НОБ и член на Првото заседание на АСНОМ. По војната вршел бројни општествени функции. Од 1949 година се занимавал со проблемот на кератопластиката и се стекнувал  со богато искуство во повеќе познати офталмолошки центри во Европа. Неговите методи во областа на кератопластиката го прават своевремено еден од врвните светски офталмолози.

Димитар Миовски е роден на 1 септември 1913 во Скопје. Матурирал во 1933 година во Скопје. а дипломирал на Медицинскиот Факултет во Белград во март 1941 година, неколку дена пред нападот на Кралството Југославија.

Димитар Миовски уште како студент бил активен во антифашистичкото движење. Како дел од Третата ударна македонска бригада бил учесник во НОБ, како началник на санитетското одделение при Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. На 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински бил учесник и делегат на Првото заседание на АСНОМ, каде се поставени темелите на слободна Република Македонија. 

По војната поминал во цивилна служба и бил еден од првите организатори на здравствената служба во Македонија како помошник министер во Министерството за здравје, началник на Одделението за епидемиологија и хигиена во министерството и како помошник министер на Југословенското сојузно министерство за народно здравје. Непрекинувајќи ја општествената активност, покажал посебен интерес кон офталмологијата.

Во 1952 година специјализирал на клиниката за очни болести во Скопје, а во 1960 година бил поставен за директор на Офталмолошката клиника во Скопје. Стручно се усовршувал во познатите светски офталмолошки центри: Лион, Женева, Лозана,  Берн, Цирих, Џенова, Москва, Санкт Петербург и Одеса. Во 1959 година бил назначен за асистент професор, а од 1965 година бил избран за редовен професор на Факултетот за Медицински науки во Скопје.

Неговите методи во областа на кератопластиката го прават своевремено еден од врвните светски офталмолози. Оперирал низ повеќе светски клиники, а вршел и операции на многу странци кои специјално доаѓале кај него на скопската клиника.

Димитар Миовски бил носител на бројни јавни функции, како: претседател на Републичката офталмолошка секција, претседател на Здружението на офталмолозите на Југославија, член на највисоките офталмолошки совети на Југославија и Европа, член на редакцијата на Acta Opthalmologica Iugoslavica, и други.

Исто така, бил и член на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија, член на Републичкиот одбор на Сојузот на здруженија на борците од НОБ на Македонија, секретар на Клиниката за очни болести и Медицинскиот факултет во Скопје.

На ден 25 мај 1982 година по кратко боледување починал во Скопје. Смртта го затекнала на функцијата член на Советот на Републиката.

Димитар Миовски бил одликуван со „Партизанска споменица-1941“, „Орден на братство и единство со златен венец“, „Орден на трудот со црвено знаме“ и многу други одличја.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил:Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top