Македонски легенди

Јордан Грабуловски

Grabul

Grabul

Јордан Грабуловски (12. III 1925 – 26. V 1986) e македонски скулптор, член на МАНУ. Учествувал во НОВ, а по војната завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Изработил многубројни споменици, користејќи разновидни стилски определби од реализмот и социјалистичкиот реализам (Ваташа, 1962; Белчишта, 1958; Прилеп, 1958; Кичево, 1963; Скопје, 1965) до асоцијативен геометризам (Отешево, 1973; Гевгелија, 1969; Крушево, 1974).

Јордан Грабуловски (Грабул) е роден во 1925 година во Прилеп, тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во средношколските денови, Грабулоски главно се занимавал со цртање пејзажи околу Прилеп. Од овој период од неговото творештво се зачувани седум цртежи, пет пејзажи, еден автопортрет, две скулптури изработени од непечена глина и други дела.

За време на Втората светска војна учествувал во НОВ, а по војната, во 1952 година, завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Во почетокот на 1950-тите, тој ја следел линијата на реалистичната скулптура, што најдобро се гледа во споменикот на Никола Карев од 1953 година, а потоа ја стилизирал и поедноставил формата („Отпор“, 1961; „Самоник“, 1966).

Учествувал на бројни изложби во земјата и во странство. Грабуловски имал самостојни изложби во Скопје (1966, 1970, 1986, 1988 – со ретроспектива 2006), Охрид (1961), Париз (1985), како и колективни изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Париз, Лондон, Виена, Атина, Венеција, Каиро и други.

Тој е автор на бројни споменици низ цела Македонија, од кои најзначајни се: Споменик на првиот штрајк на тутунските работници и на загинатите тутунски работници во НОБ, Прилеп 1958 година; Споменик на Никола Карев, 1953 г.; Споменик на Гоца Делчев; Споменик на Првата Македонско-Косовска Бригада, Сливово; Споменик на револуцијата, Белчишта 1958;

Споменик на млади луѓе погубени од бугарскиот окупатор, Ваташа 1962 година.; Спомен-костурница на паднатите борци и жртви на фашизмот, Кичево 1963 година; Спомен-комплекс на НОБ, Бутел (Скопје) 1965.; Споменик на слободата, тврдина Кале (Скопје) 1965.; Споменик на слободата, Гевгелија 1969 г.; Споменик на Преспанскиот совет, Отешево 1973 година; Македониум, Крушево 1974 г.

Од особено значење од неговото творештво е монументалниот споменик „Македониум“ во Крушево, посветен на паднатите борци и херои од Илинденското востание (1903) и НОБ (1941-1944). Споменикот беше свечено отворен на Илиндан во 1974 година.

Грабуловски бил претседател на Друштвото на уметници на Македонија, директор на Училиштето за применети уметности во Скопје, член на уметничката група „Денес“ и дописен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1981 година. Двапати бил награден со наградата „11 Октомври“, во 1966 и 1970 година.

Починал на 26 мај 1986 година во Скопје.

Во негова чест, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја доделува наградата за скулптура Јордан Грабул.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top