Македонски легенди

Славчо Стојменски

Stojmenov

Stojmenov

Славчо Стојменски (25. XI  1921 – 16. VIII 1943) е македонски национален деец и народен херој. Илегално патувал низ Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. При блокада на бугарската полиција бил тешко ранет и подлегнал на повредите во Штипската болница. Со указ на претседателот на ФНР Југославија, Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година, тој е прогласен за народен херој.

Славчо Коцев Стојменски е роден на 25 ноември 1921 година во Штип, во сиромашно работничко семејство. Завршил основно училиште и гимназија во родниот град (1940/41). Се запишал како студент на Медицинскиот факултет во Софија (1941/1942), но во почетокот на наредната  година се вратил во Штип (февруари 1942) и се вработил во градското Комесарство.

Уште како ученик, Славчо бил познат на полицијата. Неколку пати бил повикуван во полиција и советуван да се откаже од револуционерните активности. Дружењето со Ванчо Прке влијаело врз неговото политичко формирање. Двајцата се приклучиле на револуционерното младинско движење. Во летото 1941 година, Славчо станал член на КПЈ и секретар на МК на СКОЈ во Штип.

Во првите денови од окупацијата, Славчо Стојменски успеал да формира неколку групи на СКОЈ во Штип. Тој ги подготвувал членовите да се приклучат во партизанските редови на повик на Комунистичката партија на Југославија.

Во есента 1942 година, Славчо бил уапсен, но успеал да избега. Додека полицијата постојано се обидувала да го фати, тој илегално патувал низ Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. Повремено, се враќал во Штип ноќе за да поднесе извештај за извршените задачи и да добие нови директиви.

На почетокот на 1943 година, станал член на  Четвртиот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија. За да ја проучат ситуацијата и да ги координираат активностите за разгорување на Народноослободителната борба, членовите на комитетот се собрале на состанок во Штип во август 1943 година. Полицијата дознала за ова и на 17 август ја опколила куќата каде што се одржувал состанокот. При блокада на бугарската полиција Славчо бил тешко ранет и подлегнал на повредите во Штипската болница.

Со указ на претседателот на ФНР Југославија, Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година, тој е прогласен за народен херој.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top