Македонски легенди

Лазар Соколов

sokolov

sokolov

Лазар Соколов (18. III 1914 – 3. I 1984) е македонски национален деец, економист и университетски професор. Бил еден од водачите на македонското студентско движење, секретар на Културно-просветното друштво “Вардар“ во Загреб и активист на МАНАПО (1936 – 1938). Во времето на НОАВМ бил член на КПЈ (1941), на АНОК (од есента 1943), на Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ (од април 1944) и член на Иницијативниот одбор за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ. Бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за член на АВНОЈ, а потоа и претседател на Привременото народно собрание на ДФЈ.

Лазар Соколов е роден на 18 март 1914 година во Куманово. Завршил гимназија во Куманово и Скопје. Потоа образованието го продолжил во Загреб. Како студент на Економскиот факултет во Загреб бил еден од водачите на македонското студентско движење, секретар на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб и еден од основоположниците на МАНАПО (1936 – 1938), поради што бил уапсен и потоа суспендиран од работа.

Се приклучил на Народноослободителното движење во 1941 година. Истата година станал член на КПЈ. По налог на Партијата, прифатил да биде помошник кмет на Куманово и бил редактор на единственото дотогаш револуционерно списание „Дедо Иван“.

Од есента 1943 година бил член на Акциониот народен ослободителен комитет (АНОК), а од април 1944 година член на Агитпропот при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и бил член на Иницијативниот комитет на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, Тој активно учествувал во подготовките и работата на АСНОМ и бил еден од редакторите на историските асномски решенија, На Заседанието бил избран за прв Повереник за народно стопанство, а бил член и на Антифашистичкиот совет на Народното ослободување на Југославија, Потоа бил и претседател на Привременото народно собрание на Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ).

По Ослободувањето докторирал од областа на економските науки, бил помошник на министерот за трговија и снабдување во Владата на ДФЈ, в.д. директор на Институтот за меѓународна политика и стопанство и професор на Економскиот факултет во Белград.

Соколов бил доследен на линијата која ја застапувал Методија Андонов – Ченто. Неговите критики на недемокрарските методи на Партијата, како и на идејата  за создавање на независна Македонија, биле искористени тој да биде политички дисквалификуван како Информбировец, Тој бил исклучен од КПЈ во јуни 1949 година и наскоро потоа испратен во логорот на Голи Оток. Казната ја отслужил од 1950 до 1951 година. Подоцна, некое време бил директор на Економскиот институт во Скопјe.

Автор е на поголем број научни трудови за стопанската историја на Македонија и промените во структурата на југословенското стопанство. Награден е за научниот труд †Резервите на работната сила на одделни подрачја на Македонија“ (Скопје, 1964).

Лазар Соколов починал на 3 јануари 1984 година во Скопјe.

Tiho copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top