Македонски легенди

Железниот Стефан Анастасов Ролев

zelezniot

zelezniot

Железниот Стефан Анастасов Ролев ( Stefan Rolev ), бил роден во 1865 година во селото Екши-су (Горно Врбени ) Леринско, Беломорскиот дел од Македонија.

Бил учесник во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонскиот народ од поилинденскиот период, во кој бил познат како „Војвода Бигленски и Лерински“. Знаел да приготвува пеколни машини како и бомби.

Покрај неговите револуционерни дела Стефан Ролев имал извонредни физички предиспозиции, поради што бил наречен и „Железниот Ролев“, тој изведувал настапи каде од градите кршел камен, потоа виткал железо и слично. Се занимавал со: гимнастика, акробатика, атлетика,кревање на товар, пеливанство, бокс, велосипедизам, мотоциклизам и планинарство.

Откако еден период пропатувал низ Европа и САД, се враќа во Македонија каде најпрво во Лерин во 1908 година основа гимнастичарско друштво „Бигленски јунак“, а потоа и во Битола „Пелистерски јунак“.

Во 1911 година приготвил атентат на султанот Решад V при неговата посета на Битола, но таа негова намера била спречена од повидни луѓе во Организацијата кои не сакале крвопролевање на невини жртви во Битола, како одговор од турските сили.

Стефан Ролев старечките години ги поминал во Битола каде беше љубимец на децата и младината, познат како „Дедо Роле“ често знаел да раскажува за доживувањата од неговиот живот.

Во едно интервју е забележана следната негова изјава:

„Бев терорист, ја пренесов бомбата по тајниот ходник до Отоман банка, комита, војвода и мировен судија за нашето население. Го ликвидирав Али Черкезот наречен `Лерински тиранин` , злогласениот Ибраим наречен `крволак`. Турците ме нарекоа „човек – ѕвер“. Оти бев многу силен, вистински гладијатор, бестрашен и ризичен тип, склон кон авантури. За Македонија жив во оган ќе влезев, ако тоа Организацијата ми го наредеше. Но истовремено ги проучував фискултурните системи на Англија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Полска и Чехословачка. Давав јавни –атлетски приредби со учениците за Битолчани… Мислам дека мојот живот корисно го одживеав, ставајќи го на олтарот на Македонија.“

Почина во Битола на 24 декември 1969 година кога имал преживеано 104 години и 131 ден.

ВЕЧНА МУ СЛАВА.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top