Македонски легенди

Илија Димовски – Гоче

1235

1235

Илија Димовски (1905 –26. VII 1961) е македонски деец, учесник во НОВ во Егејскиот дел на Македонија и во Граѓанската војна во Грција. Познат под прекарот Гоце (Гоче), се отцепил од КПГ и формирал посебна македонска партиска организација со македонска национална платформа. Бил командант и комесар на партизанскиот одред „Вичо“, командант на Леринско-костурскиот македонски баталјон, командант на Леринско-костурската македонска бригада и командант на Првата егејска ударна бригада на НОВМ.

Илија Стефов Димовски – Гоче е роден во Леринското село Статица во 1905 година. Во работничкото и во македонското Националноослободително движење се вклучил во предвоениот период.

Во 1941 година се отцепил од Комунистичката партија на Грција (КПГ) и формирал посебна македонска партиска организација со македонска национална платформа. Од февруари 1943 до септември 1944 година бил командант и комесар на партизанскиот одред „Вичо“. Во август–септември 1944 година бил командант на Леринско-костурскиот македонски баталјон. Од октомври 1944 година е командант на Леринско-костурската македонска бригада.

Поради опасност од расформирање доколку останат на територијата на Егејскиот дел на Македонија, македонските баталјони се повлекле од составот на ЕЛАС и од нив на 18 ноември 1944 година во битолското село Драгош била формирана Првата егејска ударна бригада на НОВМ. При формирањето во нејзиниот состав влегоа 1. костурски, 2. лерински, 3. воденски и 4. баталјон на тешко оружје. 5. баталјон на бригадата бил приклучен подоцна и бил составен од Македонци од Бугарија, Со прилив на нови борци набрзо бил оформен и 6. баталјон. За командант бил поставен  Илија Стефов Димовски – Гоче.

На 3 јануари 1945 година бригадата била прекомандувана во Гостивар и Тетово, каде  учествувала во ликвидирањето на балистичките банди. Но, заради заштита на границата со Грција, во почетокот на март 1945 година, Бригадата била стационирана во Битола и Гевгелија. Меѓутоа, заради меѓународни  импликации во врска со Грција и тамошната ситуација, со наредба бр. 236 од 2 април 1945 година на Главниот Штаб на НОВ на Македонија, Бригадата била расформирана, а нејзиниот боречки состав распореден во други единици.

Најголемиот дел од борците на Бригадата, подоцна се вратиле во Егејскиот дел на Македонија, каде биле создадени првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ), а потоа станале и борци во единиците на Демократската армија на Грција. Во овие единици Македонците повторно покажале огромна пожртвуваност во борбата за слобода.

Во септември 1946 година, Илија Димовски – Гоче ги командувал македонските партизански единици на НОФ на планината Вичо, а во почетокот на 1947 баталјон на ДАГ. Бил член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Илија Димовски починал на 26 јули 1961 година во Скопје.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top