Македонски легенди

Рајко (Ксенофон) Жинзифов

Rayko_Zhinzifov

Rayko_ZhinzifovРајко (Ксенофон) Жинзифов (Велес, 15.II.1839 – Москва 15.II.1877) – е македонски преродбеник, публицист, писател и поет. преведувач и собирач на народно творештво. Тој е сестран деец од кругот на учениците на Миладинов. Води потекло од влашки доселеници од Албанија и Јужна Македонија во Велес. Уште како млад станува учител низ Македонија, ширејќи образование и просвета на народен јазик. Заминува во Русија на духовната семинарија во Одеса, каде под влијание на Георги Раковски го променил името од Ксенофон во Рајко. Во Москва се движи во кругот на македонските студенти и покрај учењето се занимава со писателска, преведувачка и публицистичка дејност. Познанството со браќата Миладиновци му овозможува да ја напише нивната биографија. Еден е од заговорниците за создавање на заеднички македонско-бугарски јазик и во непосредната практика ги спровесува тие идеи. Се наоѓал под силно влијание на Тарас Шевченко чии стихови континуирано ги преведувал. Личната трагика произлезена од тешката економска положба и тагата кон татковината ќе се рефлектира во неговата лирика во која пулсираат носталгични и мрачни расположби. Рајко Жинзифов отсекогаш се спротивставувал на елинизацијата на населението во Македонија.

Ксенофон (Рајко) Жинзифов е роден на 15 фебруар 1839 година. во Велес. Потекнува од влашко семејство доселено во Велес од Битола. Татко му Јован Ѕинѕиф, кој имал завршено медицински факултет во Атинаи и работел како учител во Велес, по потекло бил од Москополе, додека неговата мајка била од Негуш.  Жонзифов уште како млад станува помошник учител на Димитрија Миладинов. Учителствувајќи во Прилеп и во Кукуш, развиваат голема преродбенска дејност, а образованието и просветата ја шират на народен македонски јазик. Со помош на Димитрија Миладинов заминува на студии во Русија. Се школувал на духовната семинарија во Одеса каде се запознал со бугарскиот преродбеник Ѓорѓи Сава Раковски. По сугестија на Раковски името го променил од Ксенофон во Рајко. Подоцна заминува за Москва каде се запишува на историско- филозовскиот факултет.

За време на студирањето, Жинзифов се движи во кругот на македонските студенти. Во Русија заштита му дава преднего дојденит Константин Миладинов. Подоцна ова познаство со браќата Миладинови ќе резултира со пишување на нивната биографија, непосредно по нивното загинување. Своите сеќавања за браќата Миладинови, во форма на впечатоци и спомени, Жинзифов ќе ги објави уште во 1862 година во седмичникот „Ден“, под псевдонимот „Велешанин“.

Покрај учењето Жинзивов се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност. Развива богата публицистичка дејност на руски јазик. Во текот на 1863 година ќе објави стихозбирка со песни на еден своевиден македонско-бугарски јазик и препеви од руски, украински и од чешки јазик. Жинзифов биле еден е од заговорниците за создавање на заеднички македонско-бугарски јазик и во непосредната своја практика, било тоа поезија или препев, ги користи своите идеи. Исто така тој бил под силно влијание на основоположникот на новата украинска литература Тарас Шевченко, чии стихови континуирано ги преведувал.

Одделни книги поезија објавува во Москва и во Браила (Романија). Во Москва воглавно се движи во славјанските кругови. Станува мошне близок со семејствата на браќата Аксакови. Со нивна помош, заедно со Константин Миладинов и со бугарските литерати Љубен Каравелов, Најден Геров и Нешо Бојчев, го започнал издавањето и уредувањето на списанието „Братски труд“. На страниците на ова списание  ќе ги отпечати своите поетски и прозни творби, како и преводи. Тешко успевајќи да изнајде средства за својата егзистенција, водел самотнички живот.Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминува како емигрант во Русија, во постојана борба со немаштијата.  Бедниот емигрантскиот живот и носталгијата по татковината со текот на времето станувала се поголема, а тагата ја убивал со алкохолот. Внатрешните чуства на личната трагика ќе проговорат на исповеден начин низ неговата лирика исполнета со мрачни тонови.

По завршувањето на универзитетот, се вработува како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназиии. Продолжува со книжевна дејност, но воглавно со преводи и публицистичка дејност. Истовремено соработува со славјанските списанија во Цариград.

Во текот на 1866 година кратко време престојува во Македонија, оставајќи сведоштва  во својата публицистика. По враќањето во Русија иако добива руско државјанство, Жинзифов постојано е преокупиран со грижи за татковината. Во 1867 година учествува на Сесловенскиот конгрес во Москва. Во текот на 1870 година присуствува во Браила, Романија, на годишното Бугарско книжевно друштво, со чија помош ја објавува својата поема „Крвава кошула“.

Рајко Жинзифов проникнат од панславенската идеја, создава богат публицистички опус на руски јазик.Непосредно пред Руско-турската војна во 1877/78 година, за потребите на руската армија подготвува „Патеводител“ низ Македонија и краток македонско-руски речник. На македонски јазик ги препева прочуените за тоа време творби: „Слово за походот Игорев“ и „Кралевдворски ракопис“ од Вацлав Ханка, како и превод на руски јазик на „Орфеевата песна“, наводно пронајдена од Стеван Верковиќ во Македонија.

Неговите стихотворби ја откриваат душата на поетот, исполнета со горчина од неизвесноста на емигрантскиот живот во Русија.  Авторот кого судбината го одвојила од Македонија, во тешките мигови на животната авантура, низ стиховите ги довикува спомените на не така далечното детство, престрого самообвинувајќи се за мигот на самоизмамата. Неговата поетска реч иако е притисната во менгемето на јазичниот експеримент, успева да допри до современиот македонски читател, чиј интерес кон своето е непореклив и постојан. Рајко Жинзифов умира далеку од својата татковина на 15 фебруари 1877 година во Москва.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top