Македонски легенди

Стефо Николов – Скендер

Stefo_Nikolov_Besfinia_IMARO
Стефо Николов – Скендер претседател на Народното собрание на Македонија во Гремен-Теќе

Stefo_Nikolov_Besfinia_IMAROСтефо Николов – Скендер (1855 –1902) – македонски револуционер и кресненски војвода, претседател на Народното собрание на Македонија, турски затворник и предилинденски војвода на ТМОРО. Учествува во Кресненското македонско востание (1878-79), а потоа во 1880 година станува претседател на Народното собрание на Македонија во Гремен-Теќе.

Стефо Николов е роден во 1855 година селото Бесена, Преспанско. Немал можност да се образува и релативно млад, како 13-годишник тргнал на печалба во Анадолија. По осум години аргатување по анадолските градчиња се вратил во родниот крај. Се оженил и се главил да работи како овчар во селото В’мбел. Неговата колиба станува засолниште на преспанската дружина на познатиот комита Васил Журката и како јатак го чува цела зима.

Во 1877 година учествува во убиството на зулумџијата Чолак-Реџеп. Наклеветен и прогонет од Турците, се одметнува во планина и создава своја дружина. Стефо Николов се бори против турските и албанските бабаити и се прославува како заштитник на народот. Во тешка битка заробува цела турска потера. по што есента се префрлува во Грција, каде со грчките востаници се бори во Тесалија.

Решението на Берлинскиот конгрес Македонија да остане во состав на Отоманската империја во летото 1878 година, слично како и клаузулите од Санстефанскиот договор го вознемируваат македонскиот народ кој бара независност на Македонија. По одлуките на Конгресот во Македонија се развива вистинско спонтано востание. Македонските довроволечки чети кои претходно се бореле во Руско-турската војна (1877 – 11878) во српските и руските војски, навлегуваат во Источна Македонија каде се развива вистинско спонтано Македонско востание.

Освен во овој дел каде избувнало Кресненското востание, востанички жаришта се развиваат и во други делови во Македонија. Во Западна Македонија центар на востаничка активност станува територијата меѓу Кожани Бер, Катерина и Воден, како и територијата меѓу Битола, Корча и Костур, каде во тоа време  беснее, пљачка, убива и силува кесеџијата Мајљо – бег. Стефо Николов, познат под прекарот Скендер, со дружината се враќа во Преспанскиот крај.  Заедно со придружните војводи Никола Гиза и Михаил Дарда, тој ги очистува зулумќарите го подготвуваат населението за општо македонско востание.

Покрај охридскиот митрополит Натаниел Охридски, познатиот македонски револуционер Димитар Поп Георгиев – Беровски, Константин Буфски и други, војводата Стефо Николов станал еден од главните организатори кои го подготвуваат Кресненското востание, познато како Македонско востание.  Во есента 1878 година, преку Мариово и Кочанско се префрла на презимување во Бугарија.

Веќе во пролетта 1879 година година, дружината на војводата Стефо Николов повторно се собира. Тој бил назначен за капетан, а неговата дружина составена во најголем дел од доброволци од Костурско и Леринско, била именувана како „Четврта чета“ на „востаничката војска“. Четата која броела 78 доброволци, до 12 март 1879 се наоѓа во Ќустендилскиот регион по што се префрла  во Горноџумајското село Падеш.

Во текот на месец мај заедно четите на војводите Павле, Каракоста и Караискаки, во состав од околу 300 востаници, Стефо Николов навлегува во Македонија со цел да го крене месното население во Битолската област. Го развива востаничкото знаме и се движи по малешевските мариовските и костурските планини. Во Мариовското поле кон четата се приклучува месното население. Преку Мегленските планини четите се насочуваат кон Воден, а во текот на јули се судира со турските војски во Негушката планина.

По задушувањето на Кресненското востание во летото 1879 година, под раководство на вратените доброволци како Стефо Николов, Константин Буфски и Леонидас Вулгарис се создава нов заговор за решавање на македонското прашање. Од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во присуство на 32 делегати од сите краишта на Македонија, при учество на Македонци, Власи и Албанци, во месноста Гремен Теќе одржано е Национално собрание на Македонија „Единство“. За претседател на Народното собрание на Македонија бил избран Стефо Николов.

Со решение на Националното собрание на Македонија била избрана Привремена влада на Македонија – Единство, која упатува упатува апел до големите сили за праведните барања на македонскиот народ за ослободување на Македонија. Тие се залагаат за Автономна Македонија, но и за создавање на македонска самостојна држава која ја поврзуваат со античка Македонија, Филип и Александар.

Немајќи поддржка  од големите сили и доволно воени сили, Националното собрание и Владата на Македонија се откажува од идејата за кревање на внатрешно востание. Иако полека згаснала, Нациналното собрание и Привремената влада на Македонија силно влијаела врз развојот на македонската револуционерна дејност.

По згаснување на привремените македонски институции, четите продолжиле самостојно да делуваат.  Во 1883 година Стефо Николов со четата заминува во Тиквешко и го ликвидира злосторикот Адем-ага од село Градец. Повлекувајќи се пред турската потера бил опколен по што доаѓа до силна битка прво кај село Рожден, а потоа кој село Бапчор Костурско.  Успеал да се пробие и да се засолни во Грција, но тука го обвинуваат за убиство и 13 години лежи во грчки затвор.

Во 1900 година, по ослободувањето заминува во Софија. Во пролета 1902 година формира чета на Врховниот комитет и како војвода на ТМОРО со неа влегува во Македонија. Во месец мај, на пат за Леринско, се судира со турската потера. Во битката која се води со побројниот турски аскер, на планината Чеган, во близина на селото Горничево (Леринско) Стефо Николов загинува во мај 1902 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top