Македонски легенди

Стерјо Спасе

SterjoSpase

SterjoSpaseСтерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) – албански писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија.  Основно  училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро (виз. Аргирокастро), а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана.

Пред Втората светска војна бил соработник на познатите списанија во Тирана и во Романија, како што се „АБЦ“, „АРС“, „Бота е Ре“ („Нов свет“) и др. Во овој период книжевната дејност на Стерјо Спасе е особено плодна. Тој интезивно твори и создава неколку значајни дела меѓу кои романите „Pse“ („Зошто“ – 1935), “Afërdita” („Венера“ – 1944), збирките раскази „Kurorë rinije“ („Младински венец” – 1934), „Во прегратките на една жена“ (1934), „Невеста без превез“ (1944)  и др.

Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Nga jeta në jetë. Pse!?” (” Од живот во живот – зошто”. Во романот наречен едноставно “Зошто” (Pse), ремек-дело на неговото творештво,  тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство. Меѓутоа, набрзо по излегувањето, актуелната власт ќе го забрани  романот „Зошто!?“ (Pse).

Изразувајќи го својот македонски културен идентитет, во периодот пред Втората светска војна, кога Албанија води силна асимилаторска политика, Стерјо Спасе станува непожелен за албанските власти во Тирана. Иако романот „Зошто“ (Pse), всушност е прв роман отпечатен во Албанија, албанските власти го забрануваат заради македонското потекло на авторот.

По ослободувањето, кога во Албанија попушта асимилаторската политика кон малцинствата, Стерјо Спасе околу 50 – тите години се сели во Тирана. Во еден период бил просветен инспектор, уредник на „Litaratura jone“ („Наша литература“), „Nеntori“ („Ноември“), „Shkolla e Re “ („Ново училиште“) и др. Во 1960 година, тој завршил висок курс за книжевност во Институтот за јазик и книжевност „Максим Горки“. Својата наобразба ја довршил во Фиренца, Италија и во Москва, Русија.

Книжевноста на Стерјо Спасе по Втората светска војна е разновидна. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Напишал образовни дела, се занимавал со преводи, статии, монографии и сл. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е автор на десетина романи. По ослободувањето, во 1952 година, тој го издава романот „Тие не беа сами“ (Ata nuk ishin vetëm, roman), во кој ја опишува борбата на албанскиот селенац против беговите. Три години потоа, во 1955 година, го издава и романот „Венера повторно во селото“ (Afërdita përsëri në fshat). Романите „Огнот” („Zjarre“ -1972), “Смрт или слобода” („Ja vdekje, ja liri“ – 1978), “Бунтовниците” („Kryengritësit“ – 1983) и други, имаат историска тематика во Стерјо Спасе ја опишува борбата на населението во Албанија против Отоманската империја.

Во меѓувреме, Спасе пишува и за најмладите. Во 1966 година издава адаптацијата на епски песни за деца „Соколица“ (Sokolesha), а две години потоа, во 1968 година и приказни за деца „Поздрави од селото“ (Të fala nga fshati).

Стерју Спасе ги забележува македонските народни песни од Преспанскиот регион, со што зазема значајно место меѓу собирачите на македонски народни умотворби. По неговата смрт во 1989 година, како дел од македонското културно наследство, под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“, во 1992 година овие песни за печат ги подготвува Благоја Стојчевски.

Стерјо Спасе умира воТирана на 12 ноември 1989 година. Неговото дело го продолжува неговиот син Илинден Спасе Стерјо, педагог и писател, кој од 1964 повремено пишува проза на албански и на македонски јазик.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top