Македонски легенди

Димитар Попгеоргиев – Беровски

403px-dimitar_pop_georgiev

403px-dimitar_pop_georgievДимитар Попгеоргиев – Беровски (1840 – 19. XII. 1907) е Mакедонски национален деец-револуционер, идеен творец, организатор и водач на две македонски востанија: Разловечкото и Кресненското.

Димитар Попгеоргиев е роден во 1840 година во Берово, Малешевско во свештеничкo семејство. Основно образование завршил во Берово, а потоа татко му го испратил да учи во грчко училиште во Солун. Во периодот од 1858 до 1860 година учел во Духовната академија во Одеса, каде се запознава со Георги Раковски (Георги Македон). Под негово влијание ја напуштил Семинаријата и во 1860 година заминал за Белград. Од 1861 учел во Военото училиште во Белград, а по завршувањето во 1863 година станал подофицер во српската војска.

Во српското кнежевство Попгеоргиев – Беровски останува до есента 1865 година. Тогаш тој се вратил во Македонија и почнал да работи како учител. Во периодот од 1865 до 1868 година работел како учител во Берово, а подоцна и во други места во Малешевијата. Димитар како учител започнал со националната револуционерна дејност и ја предводи борбата против грчките фанариоти. Во борбата за отфрлање на црковната власт на грчката Цариградска патријаршија и за обновување на Охридската архиепископија, Димитар Попгеоргиев – Беровски се стекнал со голема популарност меѓу народот во Малешевијата.

Меѓутоа, по формирањето на одделна бугарска црква на 28 февруари 1870 година и нејзините отворени претензии за доминација со црковно-училишните општини се заострува отпорот на Mакедонскиот народ против бугарската Егзархија. На почетокот на  јануари 1874 година шест македонски општини: Воден, Дојран, Кукуш, Струмица, Солун и Малешево, решиле да се издвојат од Егзархијата и да влезат во Унија со Римокатоличката црква како најсигурно средство за истакнување на својата независност. Во Малешевијата главен предводник на Унијатското движење бил Димитар Попгеоргиев – Беровски, кој уште во 1873 година бил избран од народот за претседател на црковно-училишната општина. Тој соработувал со Нил Изворов и Харитон водачи на Унијатското движење во Македонија.

Во 1874 година под раководство на Димитар Попгеоргиев – Беровски, населението од Берово го протерал Струмички владика, гркот Јеротеј. Наклеветен од грчките владици, турската полиција го затворила, но тој успеал да пребега во Истанбул, а потоа живеел илегално во Солун. По неуспешната мисија со Нил Изворов за прием на црковно-училишните општини во Унија со Римокатоличката црква, Беровски ја насочува својата активност кон политичката борба како единствен начин за разрешување на македонското прашање. Во 1875 година, тој во Солун основал Таен револуционерен комитет за кревање востание.

Во средината на април 1876 година, во селото Разловци било одржано советување на кое било донесено решение за кревање востание во Малешевско, а за главен војвода и водач на востанието бил избран Димитар Попгеоргиев – Беровски. Востанието требало оттаму да се шири и да прерасне во општонародно Mакедонско ослободително востание. Според замислата, ова востание требало да се подигне на терените на Малеш, Струмичко, Петричко и Мелничко.  Меѓутоа, поради непредвидени моменти, востаниците предводени од Димитар Попгеоргиев – Беровски и селскиот поп Стојан биле принудени својата вооружена акција да ја кренат предвреме. Востанието било кренато на 7/20 мај 1876 година во селото Разловци, по кое и го добива свoето име – Разловечко востание.  Востаничките акции биле продолжени во Кочанско, но обидот, востанието да се прошири и да прерасне во општонародно востание не успеал. Востанието останало локално, главно на просторот на Малешевско и бргу било задушено.

По првичната успешна акција, кога од селото Разловци биле протерани претставниците на османската власт, во обид со една од двете чети да го востани и другото население, Беровски наидува на брза и остра противакција на османската власт. Во еден судир со османската војска и турскиот башибозук тој бил ранет. Беровски, за да го сочува востаничкото јадро со триесеттина четници се повлекува во планините. По неуспешната Цариградска конференција оддржана на 22 декември 1876 година, на која големите сили бараат од Турција воспоставување на административна автономија за Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија, Беровски продолжува повремено да извршува напади. 

Во текот на Руско-турската војна (24 април 1877 – 3 март 1878 г.), Беровски со четата се движел меѓу Пијанечко, Малешевско и Горноџумајско, интензивирајќи го своето дејствување. На почетокот на 1878 година, Беровски се сретнал со Дедо Иљо Марков-Малешевски кој предводел чета од македонските доброволци во руската армија. Двајцата војводи го разоружале муслиманското население во Пијанечко и во дел од Малешевско, а потоа била отстранета османлиската и воспоставена македонска власт која се одржала полни два месеца.

Одлуките на Санстефанскиот договор (3 март 1878 г.) за вклучување на Македонија во Бугарија, како и решението на Берлинскиот конгрес (заседавал од 13 јуни до 13 јули 1878 г.) за враќање на Македонија под Султанот, не ги исполнил очекувањата на Македонскиот народ. По ваквата неправда разочараниот Македонскиот народ се одлучил за кревање на востание.

Во летото 1878 година во Малешевско и подструмјето се развило вистинско спонтано востание. Охридскиот митрополит Натанаил на кого му била дадена задача да го организира востанието во Македонија и под чија команда биле ставени голем број бивши доброволци, најпрво воспоставил контакти со дедо Иљо Малешевски и Димитар Попгеоргиев – Беровски. Во разговор со нив, а потоа и раководителите на локалните чети во Горна Џумаја, на состанокот во Рилскот манастир (8 октомври 1878 г.) било одлучено да се обединат четите под команда на војводата Стојан Карастоилов и акциите да почнат во реонот на Кресна.

Пред настапувањето на османлиските армиски единици, Димитар Попгеоргиев – Беровски со четата се повлекол кон Џумајско, во планинската област Каршијак и завзема активно учество во подготовките за кревање на востание. На почетокот на октомври тој отпатувал во Софија за да го информира рускиот губернатор Албин за подготовките за кревање востание во Македонија. Востанието започнало со нападот на османлискиот гарнизон во Кресна на 5 октомври 1878 година (стар стил), со крајна цел ослободување на Македонија и создавање Македонска држава.

На 7 октомври 1878 година, во ослободеното село Влахи бил формиран Штаб на Македонското востание, а Беровски бил избран за началник на Штабот. На слободната територија била создадена целосно структурирана македонска власт, нормативно уредена со Правила-Устав на Македонскиот востанички комитет. Основната цел на востанието според наведените „Правила“ е ослободување и конституирање на Македонска држава, изградба на власта на ослободена територија, народносна и верска толеранција, однос спрема непријателите на Македонскиот народ, како и основи на надворешната политика на Македонскиот народ, пред се` кон соседните народи и држави. Во правилата, Македонскиот востанички комитет посебно се осврнува на односот на бугарската Егзархија и благотворителниот комитет „Единство“.

За да го спречи самостојниот развој на Востанието и создавањето Македонска држава, бугарскиот фактор организирал ликвидирање на првиот војвода Стојан Карастоилов и отстранување на Димитар Попгеоргиев – Беровски од раководењето со Востанието. На почетокот на ноември, Беровски бил повикан во Џумаја и таму затворен. Тоа предизвикало криза во востаничките редови, а турската војска ја повратила ослободената територија.

Настаните го принудиле Натанаила да го врати на теренот уапсениот Беровски. Откако бил ослободен на 1 декември 1878 година, востанието бележи нов подем. Беровски за кусо време воспоставил единство во востаничките редови и на слободната востаничка територија организирал востаничка селска власт. Силата на Беровски се темелела врз народната селска војска. Населението способно за војска на секои дест дена се менувало, дел работеле, а дел ја чувале слободната територија. 

Меѓутоа, Беровски не останал долго во востаничките редови. Пред крајот на јануари 1879 година, Беровски повторно бил тргнат од Востанието. Агенти на комитетот „Единство“ го уапсиле Беровски и го затвориле во затворот во Џумаја. Така Беровски засекогаш бил отстранет, а Кресненското востание наскоро било ликвидирано. На крајот на април 1879 година, османската војска ја завладеала целата слободна територија.   

По задушувањето на Востанието, Беровски бил ослободен и со семејството се населил во Ќустендил, Бугарија. Во 1884 година се повлекува во селото Долна Грашница, Ќустендилско, каде купува чифлик и се занимава со земјоделство.

Во 1895 година, Димитар Попгеоргиев – Беровски е еден од оснивачите на Македонското добротворно друштво „Македонија“ во Ќустендил. По создавањето на Македонската Револуционерна Организација неговиот дом станува база на Организацијата. Тој соработувал со Гоце Делчев во организирањето тајни канали за пренесување оружје и во организирањето на изработката на бомби во Осоговската Планина.

Димитар Попгеоргиев – Беровски починал на 19 декември 1907 година во село Долна Грашница, Ќустендилско.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top