Македонски легенди

Ѕоле Стојчев Ѓеорѓиев

Dzolegergev

DzolegergevЅоле Стојчев Ѓеорѓиев (Ѕоле војвода; Атеш-паша) 1867 – 31. XII. 1909 е македонски национален деец, член и легендарен лерински војвода на Македонското Револуционерно Движење. Учествува во Илинденското востание 1903, а потоа ги поддржува санданистите и Народната Федеративна Партија. Во времето на Хуриетот, Ѕоле Стојчев соработувал со младотурците и во 1908 година свечено влегол со својата чета во Битола. Се залага за конституциониот режим, преку кој гледа можност за сочување на територијалниот интегритет на Македонија.

Ѕоле Стојчев е роден во 1867 година во село Баница, Леринско, тогаш во Османската империја. Детството го поминал во родното место, а на млади години оди на печалба во Цариград. По враќањето во родното место во 1902 година, станал курир и член на една ударна група на ТМОРО, а потоа комита и секретар во четата на војводата Тане Кљанџо.

Во летото 1903 година Ѕоле Стојчев учествувал во Илинденското востание, како војвода на Леринскиот револуционерен округ, чиј востанички пункт бил на планината Кајмакчалан. За време на востанието водел повеќе битки, меѓу кои, борбите кај Беловодица, на планината Кајмакчалан, кај Осои, Попадија, Чеганските Планини и на други места.

По задушување на востанието, Ѕоле Стојчев продолжил да дејствува како лерински војвода. При обид да го фатат леринскиот кајмакам кој пристигнал есента на Петковден во селото Жерви, околу 300 комити на здружените чети на војводите Ѕоле Сојчев, Павле Раковчето и Нацо Русоленчето се судриле со османлиската војска. Во борбата која се развила, османлиските сили имале 40 загинати, а комитите само еден ранет. Во акцијата кајмакамот не бил фатен, но по една недела, тој бил заробен во Лерин. Војводите побарале од него да потпише дека Лерин е комитски, а откако потпишал кајмакамот бил убиен.

Ѕоле бил огорчен непријател на грчките андарти и на врховистите. Станува предводник на народното движење во Леринско, кое било тврдина на македонскиот дух, гранитна национална карпа од која се разбивала грчката пропаганда. Македонските војводи Ѕоле Стојчев, Пандил Шишков, Крсто Љондев, Пеце Христов и други, полни со самоувереност, дисциплина и меѓусобно помагање, биле вистински наследници на војводата Марко Лерински.

Во 1906 година, војводата Ѕоле заедно со четите на Петар Дамов Христов, Димко Николов од село Драгош и други, водел борба со османлиската војска кај село Раково. Самостојните и достоинствени војводи, поврзани со народот и младите авангардни учители, биле исполнети со ентузијазам и македонскиот дух. Како еден од најистакнатите македонски дејци во Леринско, Ѕоле станува предводник на народното движење ориентирано кон санданистите. Тој им дава целосна поддршка на санданистите и Народната Федеративна Партија.

Неколку дена пред Хуриетот се обидел со преговори да ја отстрани андартската чета што дејствувала на тој терен. По неуспешните преговори дошло до меѓусебна оружена борба, но успеал да ја извлече далеку помалубројната чета. Во времето на Хуриетот, Ѕоле Стојчев соработувал со младотурците и во 1908 година свечено влегол со својата чета во Битола.

Ѕоле Стојчев се спротивставил на формирањето на бугарскиот Конституционен клуб во Лерин, а кога не успеал во тоа, тој ја насочил неговата дејност спротивно од основачките цели. Тој работи на просветување на македонскиот народ и се борел против внатрешната реакција. Истовремено се залага за заштита на конституциониот режим, за демократизација, рамноправност и против завојувачката политика на балканските држави.

Леринци рано ја сфатија тенденцијата на раководствата на конституционите клубови и започнаа во својата дејност да се ориентираат кон самостојност и независност. Ѕоле Стојчев кој претседавал со митингот одржан во Лерин на 31 декември 1909 година, објаснувајќи ги предностите на конституциониот режим, вели:

„Треба да работиме за конституционализам, во тоа со Турците ние на дело да се побратимиме, за да ја завардиме територијалната целина на Македонија. Тој е нашиот спас. Инаку ние стануваме објект за освојување од надворешни грабачи, кои што бараат богатство во нашата богата земја – Македонија“.

Како човек кој отворено се спротивставува на надворешна помош за ослободување на земјата, Ѕоле станува цел на бугарската и грчката пропаганда. За да го отстранат од политичката сцена, врховистите со помош на јатаците на грчките андарти го ликвидирале угледниот Шиназ ефенди, кој бил соработник на ВМОРО, наклеветувајќи дека тоа е дело на Ѕоле војвода.

По завршувањето на митингот на 31 декември 1909 година во Лерин, во знак на одмазда за наводното убиство на Шиназ ефенди, во една слаткарница, Ѕоле Стојчев бил убиен од Турчинот Садреадин.

Војводата Ѕоле Стојчев е опеан во повеќе народни песни, според кои оставил сопруга вдовица и „дробна чељад“.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top