Македонски легенди

Митре Влаот

Mitre_Vlavot

Mitre_VlavotМитре Панџаров – Влаот (1873 – 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Познат е под името Митре Влаот или како Митре Влашето, но во документите се потпишувал со вистинското име и презиме. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на чета, од реонски до окружен. Учесник е во Илинденското востание, а потоа води борба против грчките андартски чети во Костурскиот регион.

Митре Панџаров е роден во 1873 година во костурското село Кономлади, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Никола Панџаров, кој бил доселеник од Пљаса. Како млад работел како овчар во влашки семејства поради што почнале да го викаат Митре Влаот или Митре Влашето. Животот му се изменил кога работел како момок кај бегот во селото Света Недела, Костурско. Таму ја почуствувал неправдата која им била нанесувана на селаните. Бунтовен по природа, Митре иако млад му се заканил на бегот дека еден ден ќе ја добие заслужената казна. По шлаканицата која ја добил од бегот, Митре заминал во планина.

Станал четник во чета на ајдукот Коте Христов, но кога во 1901 година во Кономлади била формирана првата чета на Македонската Револуционерна Организација, Митре влегува во нивните редови како обичен борец. Во четата на Марко Лерински, Митре се научил да чита и пишува, а потоа постепено напредувал. Станал помошник на војводата Георги Папанчев, а кон средината на јануари 1902 година, во областа Корешта предводи сопствена чета.

Всушност, за време на посетата на Гоце Делчев на Костурскиот регион на почетокот на декември 1901 година, покрај другите раководители во придружбата бил и Митре Влаот. Додека таму престојувал Делчев, Организацијата се преродила. За време на последниот состанок со раководството во Костурско, кој се одржал во јануари 1902 година во Загоричани, било одлучено, четата да се подели на два дела и со едниот да раководи Митре Влаот, кој по предавството го спасил Делчев од заседа.

Повлекувајќи се пред турските потери, во зимата 1902/1903 година, Митре се засолнил во пештера, а потоа во мај учествувал на Смилевскиот конгрес, каде се донесува конечно решение за кревање на востание во Македонија. По враќањето од Смилево, во текот на истиот месец четата на Митре Влаот се судира со турската војска кај селото Руља, а потоа на 26 јуни истата година убива петмина патријаршисти кај селото Неред. За време на Илинденското востание, Митре Влаот учествувал во нападот на османлискиот гарнизон во селото Вишени и во големата борба кај селото Писодер, каде бил тешко ранет.

По неуспехот на востанието, Митре Влаот бил еден од ретките лидери на организацијата, кои останале во Македонија. Во април 1904 година, со Георги Попхристов формирале нова чета, која набрзо се зголемила, а Битолскиот окружен комитет го назначил за околиски војвода на реонот Костенаријата.

Митре Влаот во овој период води борба против грчките вооружени чети, кои го тероризираат македонското население. На 24 јуни 1904 година биле предадени од гркоманскиот градоначалник на Кономлади, по што предавниците биле ликвидирани. Митре ги сметал за непријатели сите кои за пари работеле за грчките интереси, а посебно го болело кога тоа го правеле луѓе од неговиот род, како што вели: „Од душмански куршум не се плашам, но се плашам од предавнички збор, особено кога тој доаѓа од човек на родот мој“.

Грчката црква, превземала посебни мерки за да го ликвидира револуционерното движење во Костурско. Грчките попови соработувале со турските власти за да се ликвидираат македонските револуционери, а андартските чети вршеле терор врз македонското население само за да се приклонат кон грчката патријаршија. Така во месец октомври 1905 година, поручникот на грчката армија и командант на андартска чета од 120 души, Василакис Лахтарис, влегува во селото Оровник и врши притисок врз фатените селски првенци да станат патријаршисти. Во меѓувреме здружените чети на Митре Влаот и Пандо Кљашев, како и ресенската чета на Насо Каршаков го опколуваат селото. Во борбата која се развила под водство на Митре Влаот, биле убиени 13 андарти, а другите панично се повлекле кон Желево и Леринско.

Грчкиот владика од Костур, Германос Каравангелис долго време се обидувал да го ликвидира Митре Влаот. Во моментите кога изгледаше дека тешко ќе може да го отстрани прочуениот македонски војвода, неговиот потплатен доушник Христо од село Шестево му ја доставил важната информација дека војводата Митре Влаот се наоѓа со тројца четници во с. Жупаништа.

На 22 август 1907 година, многуброен турски аскер на чело со предавникот Христо, се упатиле кон селото со цел да го фатат војводата жив или мртов. По опколувањето на селото започнала последната жестока битка на Митре. Откако тројцата негови соборци биле тешко ранети, Митре ги убива, а потоа се самоубива. Човекот кој се бореше за слобода и достонство на македонскиот народ, за слободна Македонија, загина од тоа што најмногу се плашеше. Беше „предаден од човек на родот свој“. На 13 март 1907 година, костурската чета влегла во селото Жупаништа и ги казнила со смрт предавниците кои го предале војводата.

Војводата Митре Панџаров – Влаот бил погребан во заедничка гробница со неговите соборци во селото Апоскеп. Гробницата се наоѓа на една височинка од каде се гледаат костурските планини. Народот ќе испее повеќе песни за легендарниот костурски војвода, меѓу кои и песната:

Митре Влао, тешко ранет

Митре Влао, тешко ранет,
им се моли на другари:
– Ој другари, мили браќа,
подајте ми дулбијата.

Да ја врла Вич планина,
да распула горе-долу.
Планините, долините,
и Баскарските Извори.

Да се проста со Костурско,
и со цела Македонија,
да се проста со Костурско,
и со цела Македонија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top