Македонски легенди

Михаил Чеков

Mihail_chekov

Mihail_chekovМихаил Наумов Чеков е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација, учесник во Илинденското востание. Активно учествувал во градењето на револуционерната мрежа на организација и во вооруженото востание во својот крај во текот на 1903 година.

Михаил Чеков е роден на 25 јуни 1873 година во селото Горно Врбени, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на Солунската гимназија – педагошка насока во 1892 година, Михаил Чеков бил назначен за главен учител во селото Ваташа. Потоа учителствувал во родното место, каде станал претседател на месниот револуционерен комитет на ТМОРО.

Михаил земал активно учество во ширењето на мрежата на Македонската Револуционерна Организација. Во текот на 1902 година бил уапсен и лежи кратко време во затворот во Битола.

Михаил Чеков и Георги Папанчев, како претставници на Леринскиот реон, учествуваат на Смилевскиот конгрес (2 – 7 мај 1903), на кој било донесено решение за кревање на Илинденското востание. На Конгресот Чеков доаѓа заедно со Ѓорѓи Сугарев, додека останатите делегати веќе биле пристигнати. Во своите спомени, Михаил Чеков вели дека „чуствувал огромна привилегија што имал можност да учествува на Смилевскиот конгрес заедно со останатите борци за слобода на поробена Македонија“.

Во текот на мај 1903 година, Михаил Чеков и Георги Папанчев одат во леринското село Баница, каде требале да се сретнат со сите раководители од Леринскиот реон. На советувањето за подготивките за кревање на востанието дошле 40 лица, како и пристигнатите од Софија Васил Попов и Сиљан Партов кои требале да се вклучат во четите.

Средбата била веќе при крај, кога на 20 мај селото Баница било опколено од редовната турска војска. Во судирот кој настанал при повлекувањето на четниците од селото, загинале војводата Георги Попанчев, помошникот на војводата Васил Попов, секретарот на четата Стојан Партов, како и 13 други четници.

Михаил Чеков ги собрал преживеаните четници и се повлекол кон Горно Врбени.

Набргу потоа, заедно со Георги Поп Христов се враќа во селото Баница за да откријат кој ги предал. Ги собрале сите членови на Организацијата и по извршениот распит на кој била докажана вината, бил осуден и убиен предавникот, додека неговиот помошник бил казнет.

Во согласност со одлуката на Смилевскиот конгрес, четите грозничаво се припремале за востание. По веста за започнување на востанието, била донесена одлука да се нападне железничката станица во селото Горно Врбени – Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Михаил Чеков, Георги Поп Христов, месните војводи Тего Хаџиев и Георги Чакров од Банско (специјалист за динамит), заедно со чета од околу 200 души ја нападнале железничката станица. Во нападот биле убиени 4 турски војници, а неколку биле повредени. Меѓу востаниците имало двајца ранети меѓу кои и братучедот на Михаил, Илија Чеков, кој бил смртно ранет.

Откако нападот успешно го спровеле, при повлекувањето ги исекле телеграфските жици во околината, а потоа се здружиле со востаниците кои ги предводел Васил Чакаларов. На 12 август 1903 година, здружените чети го зазеле селото Невеска. При нападот биле заробени 7 војници, 40 пушки, потоа прехранбени артикли, како и брашно кое му е дадено на месното влашко население.

По известувањето дека од кај селото Загоричани доаѓа турската армија со артилерија, востаниците по кратката пресметка кај месноста Врбица се повлекуваат према селото Емборе, а потоа према Љуботенското блато за да се сретнат со Љуботенската чета. По три дена поминати кај Љуботенското блато четата на Чеков се вратила во горите над селото Горно Врбени Леринско каде полесно доаѓала до храна. На овој простор тие го поминуваат времето до есента.

Есента 1903 година, Михаил Чеков и Георги Поп Христов се повлекуваат кон селото Буф каде Борис Сарафов ги чекал да се сретнат. Таму пристигнале и четворица војводи од Преспа, по што Сарафов им сопштил за одлуката на Штабот дека востанието е завршено и дека оружјето треба да се складира, а војводите и востаниците да се вратат дома.

По одлуката за организирана демобилизација на востаниците, турските власти дале амнестија за населението и четниците, но не и за војводите. Михаил Чеков илегално ја поминал зимата во селото Горно Врбени. Иако востанието било крваво задушено, населението го задржува духот и често бара во случај на спор за одредени прашања, организацијата и војводите да посредуваат. Чеков често морал да оди по селата и да разгледува одредени спорови. Меѓутоа, турските власти се` почесто превземале претреси, што го принудува Чеков да размислува да се префрли во Бугарија.

Во пролетта 1904 година, Михаил Чеков илегално ја преминал границата со Грција. По пристигнувањето во Лариса бил приведен од грчките власти, а потоа заедно со Горги Иванов од Острово, стражарно бил спроведен во Атина. Во градот пристигнале на првиот ден на Велигден, но наместо веднаш да биде притворен стражарите пријателски се однесувале и го прошетале низ градот. Чеков во своите спомени за овој настан вели:

„За време на прошетката влеговме во една пивница за да се почестиме. На масата имаше и други лица-Грци, и кога разбраа дека сме бугари извикаа Зито Вулгарија (да живее Бугарија). Но, јас им кажав дека сум Бугарин ама Македонец. И тие пак извикаа Зито Македонија (да живее Македонија)“.

Чеков дури утредента бил затворен, а по 20 дена испрашување бил пренесен во големиот затвор во Пиреја. Таму останал до есента истата година кога по интервенција на бугарскиот дипломатски претставник не бил ослободен. Истиот го снабдил со патни исправи и бродски билети за да може да одпатува за Бугарија.

По доаѓањето во Бугарија, Михаил Чеков бил вработен во Бугарската корпоративна банка. До почетокот на Балканската војна службувал во Горна Ораховица, Плевен и Софија, а потоа бугарските власти го испратиле во Атина. За оваа мисија Михаил Чеков во своите спомени вели:

Во Балканската војна бевме испратени во Атина четворица Македонци да организираме чети од Македонци, кои се вратиле од странство, за да земат учество во војната со Турците. Но оваа мисија остана без резултат“.

Михаил Чеков по војната бил пензиониран, а во 1919 година се населил во селото Л’џене (подоцна Велинград). Умира во наредната 1957 година во Велинград, Бугарија.

Најново од: Македонски легенди

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

Михаил Чаков – војводата што ги зачува светите мошти на Гоце Делчев

Михаил Чаков е роден на 16 март 1873 година во Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија, а починал на 17 септември 1938 година во Софија. Михаил Чаков бил македонски револуционер, илинденски војвода, соработник на Гоце Делчев и човекот што ги пронашол, прибрал и со години ги чувал неговите посмртни останки. Михаил Чаков е една од оние […]

Волф Ошлис – „духовен воин“ за македонското прашање ширум Европа и светот

Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога македонската посебност […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Најнови вести

To top