Македонски легенди

Атанас Мурџев

AtanasMurdjev

AtanasMurdjevАтанас (Тано) Перев Мурџев со псевдоним А. Планински е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.

Атанас Мурџев е роден на 31 јануари 1872 година во Прилеп. Со основно и прогимназиско образование се стекнува во родното место, а потоа ја завршил Солунската машка гимназија „Св Кирил и Методиј“. Таму се спријателил со Даме Груев, Пере Тошев и Ѓорче  Петров. Привлечен од Даме Груев, во 1894 година Мурџев станува еден од првите членови на ТМОРО. На почетокот дејствува како агитатор и организатор на Македонската револуционерна организација, а потоа станува четник.

Во периодот кога се градеше мрежата на Организацијата, Васил Панчев, поп Стамат Танчев, Григор Иванов Тотев и  Атанас Мурџев беа најдоверливите помошници на Даме Груев.  Преку четворицата се регулираа тајните состаноци на Даме Груев со луѓето кои доаѓаа од внатрешноста по организациски работи, добиваа доверливи задачи и преку нив се одвивала тајната пошта на Организацијата.

Во 1896 година Тано Мурџев дејствува со Гоце делчев во Разлог, а наредната година учествува во организирањето на бомболеарницата во пијанечкото село Сабљар, југисточно од Ќустендил. Во 1898 година бил предаден, уапсен и затворен во Прилеп. Успеал да избега од затворот и се префрлил во Бугарија.

По одлуката на Македонската револуционерна организација да го стави под контрола Македонскиот комитет, со поддршка на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, Борис Сарафов бил избран за претседател, а  Мурџев станал член на Комитетот. Така, во 1900 година доаѓа до таканаречената мајска спогодба, која од страна на МРО ја потпишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров, а од страна на Комитетот полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Стефан Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев. Спогодбата меѓудругото предвидувала лицата од составот на ВМК, кои даваат клетва според правилникот на МРО, да ги прекинат сите врски по делото со Бугарија и да останат неразделно поврзани со МРО.

Подоцна Атанас Мурџев влегува во Македонија заедно со четата на Кочо Мустракот, кој за Организацијата го придобил Гоце Делчев. Во 1902 година кај Зборско се сретнал со четата на Тома Пожарлиев, по што двете чети заминуваат за Прилепско.

На 2 септември 1903 година на Руен Планина, Атанас Мурџев го развил знамето на Разградското македонско-одринско друштво по што учествува во Илинденското востание. Неговата чета, заедно со четите предводени од војводите Тома Пожарлиев, Григор Манасиев, Никола Дечев, Иван Топчев, кои бројат 152 лица, во текот на септември 1903 година дејствуваат во Кратовско.

На 25 септември 1903 година овие чети биле опкружени од 7.000 турска војска и башибозук кај селата Луково и Емирица, Кратовско. Таму се развила една од најголемите борби во Скопскиот револуционерен округ. Во борбата меѓу обединетите чети и отоманската војска, која траела до вечерта (околу 15 часа), загинале 31 четник и војводите Дечев, Манасиев и Топчев. Во текот на ноќта, Мурџев со преостанатите четници  успеал да се повлече во Бугарија.

Набрзо потоа, Атанас Мурџев бил назначен за војвода на нова организирана чета од 400 -500 луѓе. Заедно со  војводите Сотир Атанасов и Никола Пушкаров, оваа чета потоа води борби со аскерот кај Крива Паланка и Долна Љуба.

По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Мурџев учествувал како доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во четите на Јане Сандански и Дончо Златков. Во мај 1913 година бил избран за член на Штабот на Тиквешкото востание.

По втората балканска војна се населува во Бугарија.  Долго време по задушувањето на Илинденското востание, Атанас Мурџев го чувал востаничкото знаме во својот дом. Во 1943 година тој го предал илинденското знаме на Главниот воен музеј на Бугарија.

Атанас Мурџев починал на 21 април 1944 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top