Македонски легенди
Среда, 16 Ноември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Томалевски

1sew1

Георги Томалевски (16. Ⅸ 1897 – 28.IV 1988) е раскажувач, романсиер, публицист, есеист. Како млад емигрирал во Бугарија, каде што завршил гимназија и физика на Софискиот универзитет. Работел долго како просветен работник.  Во литературата влегол мошне млад и оставил богат прозен опус. Се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката и го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в.

Повеќе...
 
Среда, 09 Ноември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Мушмов

1in1

Никола Мишмов (14.V.1869 – 31.I.1942) e нумизматичар, родум од Струга, работел во Народниот музеј во Софија. Тој го пручувал монетоковењето на повеќето балкански монетарници во античкиот и во средновековниот период. Публикувал разни каталози и прилози од областа на нумизатиката. Во 1912 година го објавил својот каталог „Древните монети на Балканскиот Полуостров“. Бил еден од основачите и најеминентните нумизматичари на Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 02 Ноември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Крсто Захариев

1sl9

Крсто Захариев (1860- 27.VIII.1899) е ајдутин и македонски револуционер. член на  Македонскиот комитет. Бил помошник војвода на Стојо Костов и со четата учествувал во Мелничкото востание во 1895 година. Во мај 1897 година, учествувал во неколку престрелки со турскиот аскер, во кои бил ранет Јане Сандански. Истата година, по налог на Гоце Делчев, формирал агитациона чета со која заминал за Македонија, но таа не ги оправдала очекувањата.

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Стојо Костов

1eg321

Стојо Костов Топалов (1846 – 20. VIII 1895) е македонски ајдутин и револуционер, војвода на Македонскиот комитет. Прво станал ајдутин во четата на Коста Георгиев Куков или Куку војвода, а покасно станал самостоен војвода. Познат е како Дeдо Стојо војвода, Стојо Скрижовски или Скрижевски. Учесник е во Македонското (Кресненско) востание.

Повеќе...
 
Среда, 19 Октомври 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Спиро Костов

8031

Спиро Костов ( 1848 – 19. Ⅷ 1931) е македонски револуционер, учесник во македонското револѕцинерно движење. Бил учесник во: Српско-турската војна (1876), Руско-турската војна (1878/ 1879), Кресненското востание (1878/1879), Српско-бугарската војна (1885), Мелничкото востание и во Балканските војни (1912/1913).

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Наум Наумовски - Борче

1NaumNau1

Наум Наумовски - Борче (1. IV 1920 - 28. IX 1960) е македонски комунистички деец, првоборец и народен херој. По Априлската војна во 1941 г. се вратил во родниот град и како член на МК на КПЈ во Крушево веќе од мај работел на подготовките за вооружено востание. Прво бил политички комесар на Крушевскиот НОПО „Питу Гули“, а потоа заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска НОУБ, на Втората македонска НО бригада, на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и политички комесар на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Во два мандата бил градоначалник на Скопје: во 1950 и од 1956 до 1960 г. 

Повеќе...
 
Среда, 05 Октомври 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Драганов

1dre1

Петар Даниилович Драганов (1/13. II 1857 – 7. II 1928) е бесарапски Бугарин, руски славист, педагог и основоположник на македонистиката во Русија. Тој ја истражува историјата, јазикот, литературата, фолклорот, етнографијата и културата на Македонија и со посредство на своите ученици (и од учениците од другите градови) собира богат фолклорен, јазичен и етнографски материјал, од кој потоа го објавува првиот (од трите дела) зборник македонски епски народни песни со македонско национално обележ је „Македонско-славянский сборникъ  съ приложениемъ словаря“.

Повеќе...
 
Среда, 28 Септември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Ламбо Василев
1Lam1
 
Ламбо Василев (1876 - ?) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По професија бил столар. Во 1902 година заминал во илегала и се придружил на Македонската револуционерна организација. Заедно со Дине Кљусов и Циле Мицков учествувал во обидпт да ги разбијат Турците кои ја опколиле четата на Марко Лерински во Пателе во јуни 1902 година.  
Повеќе...
 
Среда, 21 Септември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Климент В. Заров (револуционер)

3le1

Климент В. Заров (1848 – 1915) е деец на македонското револуционерно движење. Тој е борец за обновување на Охридската архиепископија и бил член на ученичкото просветно друштво „Св. Климент“ (1885), на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891), на Македонскиот таен комитет во Софија и член на Македонската револуционерна организација (1894). Собирал помош за охридските училишта и библиотеки, заради што патувал во Бугарија (1887 и 1889–1890), Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890). Познат бил под псевдонимот Чучулејков и го изготвил проектот за знамето на охридските востаници. Убиен е од српските воени окупациони војски „некаде кон Дебар“.

Повеќе...
 
Среда, 14 Септември 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Методи Кецкаров

1Metod

Методи Кецкаров (24 X.1904 – 26 VII.1981) е македонски и бугарски скулптор и уметник кој работел главно во Бугарија и Франција, но и во денешна Македонија, Египет и на други места. Меѓу јавните личности чии скулптори ги создал Кецкаров се Гоце Делчев (1932), Даме Груев (1932), Христо Матов (1933), Тодор Александров (1935), барелефот на св. Климент Охридски во истоимената гимназија во Охрид (1942) и др.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.