Среда, 25 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Никола Макеларски
|
Никола Макеларски - Бецко (1914 - 10. Х 1980) е македонски партизан, комунистички деец, првоборец, сообраќаен инженер. По бегството од германски логор во 1942 година се вклучил како борец во српски партизански одреди, а потоа се префрлил во Македонија. Како искусен командант заминал во Поречието да формира нов партизански одред. Учествувал во разбивањето на четничките сили во Поречието, бил назначен за политички комесар на Дебарскиот НО младински баталјон во 1943 година и учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како командант на Првиот баталјон на X V македонски корпус на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941.
|
|
Среда, 18 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Круме Волнароски – Коља
|
Круме Волнароски – Коља
|
|
Среда, 11 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Димитар Митрев
|
Димитар Митрев (14. Х 1919 –24. II 1976) е македонски литературен критичар, универзитетски професор и академик. Пред Втората светска војна бил активист на македонските емигрантски движења и член е на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1941 година, заедно со Никола Ј. Вапцаров бил соработник и редактор на прогресивниот неделен весник „Литературен критичар“. Од септември 1944 година учествува во НОБ во бригадата „Гоце Делчев“. Тој е редовен член на МАНУ од основањето во 1967 година и е еден од основоположниците и неколку пати претседател на ДПМ. Тој е меѓу најзаслужните наши дејци за забрзаниот развој на македонската книжевност и особено на македонската книжевна критика.
|
|
Среда, 04 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Јордан Варналиев
|
Јордан Варналиев
|
|
Среда, 28 Декември 2022 02:00 |
|
|
|
|
Јон Димов – Пашата
|
Јон Димов – Пашата (1876 - 1907) е македонски револуционер, деец на ТМОРО и битолски војвода. Бил комита во четата на Ѓорѓи Сугарев, а потоа кај војводата Јован Кафеџијата во Битолско, кој за време на Илиндеското востание во 1903 година, дејствувал со Димко Илија Сарванов – Могилчето. Подоцна оформил своја чета и дејствувал во Шурковската Планина и во Преспанско, а потоа во Кичевско и во Битолско. Во 1904 година Пашата бил назначен за реонски војвода на Битолско поле
|
|
Среда, 21 Декември 2022 02:02 |
|
|
|
|
Иван Каранов
|
Иван Каранов (XII. 1851 - 1928) е учител, публицист и револуционер од Македонија. Во 1878 година заедно со својот брат Ефрем учествувал во Македонското (Кресненско) востание. Браќата биле членови на Ќустендилското македонско друштво и во прво време го поддржувале Македонскиот комитет. Подоцна браќата Каранови соработувале со Внатрешната организација. Тие складирале оружје, им помагале на жртвите од Виничката афера во 1897 година, а нивната куќа бил појдовна точка за четите на Организацијата. Исто така, тие ги помагале и бегалците од Илинденското востание.
|
|
Среда, 14 Декември 2022 02:00 |
|
|
|
|
Мире Анастасов
|
Голи Оток
|
|
Среда, 07 Декември 2022 02:00 |
|
|
|
|
Мирко Милески – Урош
|
Мирко Милески – Урош (23. IV 1923 – 1. X 1943) е македонски партизан, учесник во НОБ и народен херој. Бил член на КПЈ од 1941 година. Како преведувач во карабињерската станица во с. Извор, доставувал доверливи информации за активностите на италијанската полиција во периодот од 1941 до 1942 година. Подоцна се илегализирал во јули 1942 година и станал борец во Кичевско-мавровскиот НОПО во 1943 година. Загинал со целата чета во одбрана на слободната територија во Западна Македонија од германско-балистичките формации на превојот Стража (Буковиќ).
|
|
Среда, 30 Ноември 2022 02:00 |
|
|
|
|
Никола Попфилипов
|
Никола Попфилипов (1932 - 1896) е црковен и просветен деец од Македонија. Составувал учебници, преведувал книги од црковнославјански и грчки на славјански јазик и ги дистрибуирал. Пишувал во весникот „Македонија“. Тој го изразил своето несогласување со воведувањето на некои пишани знаци во правописот (ъ; ь), што Бугарите го сметаат како најраниот забележан случај на македонскиот јазичен сепаратизам.
|
|
Среда, 23 Ноември 2022 02:00 |
|
|
|
|
Анастас Зограф
|
Анастас Зограф е македонски зограф од XIX век. Негови први потпишани икони се во црквата „Св. Богородица“ во селото Бела Црква кај Крушево кои датираат од 1826 година. Потпишувајќи се на грчки и на црковнославјански јазик, иконите на Анастасиј се следат до 60-тите години на XIX век. Во литературата се именува и како Атанас. Неговите синови Вангел, Коста (Костадин) и Никола Анастасови се едни од најплодните зографи во обновените или новоизградени цркви од втората половина на XIX век. Најчесто сите заедно или одделно работат на ѕидното сликарство и на иконописот. Нивните потписи се среќаваат во црквите во Прилепско, Демирхисарско, Крушевско, Кавадаречко, но и на територијата на денешна Грција.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |