| Среда, 19 Јуни 2024 02:36 |
 |
 |
 |
|
| Ордан Чопела
|
| 
Ордан Чопела (1912 – Битола, 9. IV 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ. Познат е под певдонимот Кулак. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници. Во 1940 г, бил примен и за член на КП во Македонија. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учествувал во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Неколку месеци потоа загинал во борба со бугарската полиција. Во 1949 г. бил прогласен за народен херој.
|
|
| Среда, 12 Јуни 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Георги Саракинов
|
| 
Георги Саракинов (1887 - 1971) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој e правнук на Ангел Гацо, кој одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија и учествувал во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија.
|
|
| Среда, 05 Јуни 2024 02:31 |
 |
 |
 |
|
| Кирил Ќамилов
|
| 
Кирил Ќамилов (22. Ⅱ 1899 – 9. Ⅸ 1976) е универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Бил учесник во шпанската граѓанска војна (1937–1938), а потоа и во НОБ во Македонија. По Втората светска војна бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето во 1968 година. Тој е автор на голем број стручно-научни трудови.
|
|
| 
Георги Топалов (1893 – 16. V 1944) е македонски револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Во 1923 година учествувал во Септемвриското востание. Потоа емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил во 1937 година. Во партизанското движење на отпорот во Пиринскиот дел на Македонија се вклучил во 1943 година заедно со синовите Димитар и Иван и неговата ќерка Надежда – најмладата партизанка. Тој бил политички водач во партизанскиот одред „Никола Парапунов“ и заменик политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона.
|
|
| 
Крунисување на Богородица со сцени од животот на Свети Стефан, околу 1770 година.
|
|
| 
Васил Христов (8. XI 1893 – 19.XI 1963) е македонски деец, член на Македонската федеративна организација и на ВМРО (Обединета). Во септември 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија.
|
|
| 
Петар Завоев (20.VI.1880 – 19.II. 1969) е раскажувач, публицист и новинар од Македонија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија и работел како новинар во Пловдив. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата книга „Писма од Македонија“. Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др..
|
|
| 
Тодор Ангелов Ѕаков (12.I 1900 – 30. XI 1943) e македонски револуционер кој долго време живеел во Белгија. Одржувал контакти и врски со македонското револуционерно и национално движење. Првично анархист, а потоа член на белгиската комунистичка партија, во 1940-тите тој предводел герилска група против нацистичка Германија. Групата била активна главно во Брисел. Во 1943 година бил заробен и застрелан од германските окупациски власти. По војната Ангелов бил прогласен за херој на белгискиот отпор и постхумно бил прогласен за полковник. Познат е како Тоде Божаната, а ги користел псевдонимите Симон, Боб, Жан Бастиен.
|
|
| Среда, 24 Април 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Дино Абдураманов
|
| 
Дино Абдураманов (1872 - 2. VI 1902) е македонски револуционер, член на ТМОРО и народен јунак. При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Наоѓајќи се во безизлезна положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа со сабја ги нападнал Турците и умрел. Тоа е еден од ретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите. Опеан е во неколку народни песни.
|
|
| Среда, 17 Април 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Гоце Стојчевски – Амбарче
|
| 
Гоце Стојчевски – Амбарче (26. XI 1919 – 19. IX 1944) е македонски партизан, народен херој. Бил учесник во народноослободителното движење од 1941 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 година бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба со балистите и бил прогласен за народен херој на Југославија.
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |