Среда, 17 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Харалампије Поленаковиќ
|

Харалампије Поленаковиќ (17. I 1909 - 15 II 1984) е македински книжевен историчар, универзитетски професор, академик, еден од основоположниците на македонистиката. Тој е еден од оснивачите на Филолошкиот факултет и има голема заслуга во градбата на високото школство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Бил професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје., член на МАНУ и прв нејзин потпретседател уште од нејзиното формирање во 1967 година. Исто така бил член е на Српската (1965) и на Босанско херцеговската академија на науките и уметностите (1975).
|
|
Среда, 10 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Славко Милосавлевски
|

Славко Милосавлевски (28. I 1928 – 14. X 2012) е македонски социолог и универзитетски професор, дисидент од времето на комунизмот. Предавал социологија на Правниот факултет во Скопје. Во периодот од 1966 до 1969 година бил член на Извршниот комитет на ЦК на СКЈ, а од 1969 до 1972 година бил секретар на Секретаријатот на ЦК на СКМ. По смената на либералното раководство, бил приморан да даде оставка на 36-тата седница на ЦК на СКМ (јануари 1973) и во јуни 1974 е исклучен од СКМ, по што му престанува работниот однос на Факултетот. Бил основач и прв претседател на Социјалдемократската партија на РМ.
|
|
Среда, 03 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Иван Радулов (револуционер)
|

Иван Радулов (1876 - 1942) е македонски деец и револуционер, член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Гоце Делчев го примил во ТМОРО. Учествувал во групата која ја киднапирала американската протестантска мисионерка Елен Стоун во 1901 г. За време на Илинденското востание во 1903 г. Радулов бил војвода во Разложскиот крај. Со цел да се соберат средства за набавка на оружје и помош за населението, по задушувањето на востанието, бил испратен во САД, каде останал до крајот на животот.
|
|
Среда, 27 Декември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Димо Тодоровски
|

Димо Тодоровски (11. XII 1910 - 27. IV 1983) е македонски скулптор, ликовен педагог, член на МАНУ, основоположник на современата македонска скулптура. Бил учесник во НОБ. На почетокот на 50-тите години инцидентно користел етнолошки мотиви, но постојано бил окупиран со теми од НОБ. Негово дело е споменикот на Мечкин камен подигнат во 1983 година. Тој е едеп од основачите и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
|
|
Среда, 20 Декември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Климент Шапкарев
|

Климент Шапкарев (30. I. 1875 – 12. IX. 1949) е македонски просветен и револуционерен деец, член на Македонската револуционерна организација, личен соученик и личен пријател на Гоце Делчев. Бил во четата на Делчев и како еден од најписмените борци бил поставен за секретар. Тој е автор на брошурата „Спомени и размислувања за Гоце Делчев“.
|
|
Среда, 13 Декември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Трајче Грујоски
|

Трајче Грујоски - Павле (19. Ⅷ 1921 – 17. VII 2016) е македонски партизан, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и униферзитетски професор. Бил борец на партизанскиот одред „Јане Сандански“ (1942), инструктор на партизанскиот одред „Вичо“ (1943), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943) и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. По ослобувањето заземал низа важни општествени функции и бил универзитетски професор.
|
|
Среда, 06 Декември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Асен Чаракчиев
|

Асен Чаракчиев (19. VII 1911 – 19. XI 1988) е припадник на македонското народноослободителното движење (НОД) во Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на БКП и на ВМРО(Обединета) од 1931 г. На судскиот процес во 1936 г., изјавил дека е Македонец по националност, а не Бугарин. За време на Втората светска војна учествувал во оружената борба на НОД, а по 9 - ти септември 1944 г., откако комунистите ја презедоа власта во Бугарија, бил активен во остварувањето на културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на ИБ во 1948 г. отстапил од својата македонска национална определба и го сменил презимето во Кожаров.
|
|
Среда, 29 Ноември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Никола Рачев - Војводата
|

Никола Рачев (14. VI 1903 – ?) е истакнат деец на македонското национално револуционерно движење, еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година, а во периодот од 1928 до 1934 година бил организатор на нелегална печатница и на организации и групи на ВМРО(Об) во Разлошко. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1944 година бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Разлошко, а од II до XI 1944 година и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај. Потоа бил пратеник во Народното собрание на НРБ.
|
|
Среда, 22 Ноември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Панде Петровски
|

Панде Петровски (26. XII 1943 – 31. XII 2006) е генерал на АРМ, началник на ГШ на АРМ и раководел со единиците на Македонската армија за време на вооружениот конфликт во 2001 г. Должноста началник на ГШ на АРМ ја обавувал од 12. VI до 9. VIII 2001, а потоа бил советник на министерот за одбрана.
|
|
Среда, 15 Ноември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Павле Ќулафковски
|

Павле Ќулафковски ( VII 1865 – 13. VI 1940) е член на Македонското научно-литературно друштво (МНЛД) во Санкт Петербург и потписник на молбата за регистрација на статутот на Словенско-македонското научно и литературно друштво до Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво (СПБСБД).. Во 1904 година заминал во Њујорк, каде што го понел со себе буквар на друштвото на македонски јазик за печатење. Во декември 1912 година, со Димитрија Чуповски учествувал на Општомакедонската конференција во Велес.
|
|
|
|