Македонски легенди
Вторник, 25 Април 2023 11:56    PDF Печати Е-пошта
Христо Попсимов

1legij

Христо Попсимов (1916 – 1980) е македонски, српски и бугарски поет, внук од сестра на Григор. Прличев. Првите стихови на македонски јазик ги напишал во 1935 година, но првата песна „Весникарче“ му била публикувана во 1937 година во „Наш весник“, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, заедно со Рациновите „Тутунови берачи“.

Повеќе...
 
Среда, 19 Април 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Попстефанов

1gre19991234555

Лазар Попстефанов (1897 – 1941) е македонски комунистички револуционер и офицер, полковник во Црвената армија. Учествувал во Првата светска војна (1916 - 1918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Потоа заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија. Загинал на фронтот.

Повеќе...
 
Среда, 12 Април 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Вангел Шамарданов - Илинденски

1tovo1234567

Вангел Шамарданов - Илинденски (1921-1948) е македонски партизан учесник во Граѓанската војна во Грција. На почетокот на 1945 година се вклучил во борбата против грчките монархофашисти. Станал член на Окружен одбор на НОФ за Воденско и бил одговорен за финансиите. Исто така бил одговорен за печатот и заедно со Мирка Гинова бил задолжен да формира месни организации на НОФ во Мегленската околија. Со одлука на ГО на НОФ и во согласност на ПК на КПГ Вангел бил поставен за политички комесар на единица на ДАГ. Тој загинал на мистериозен начин

Повеќе...
 
Среда, 05 Април 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георге Џика

1cari1

Георге Џика (1600 - 2 XI 1664) бил војвода од Молдавија (1658 – 1659) и од Влашко (1659 – 1660). Тој е основач на семејството Џика, со потекло од Македонија, кое ќе одигра значајна улога во историјата на Влашко и Молдавија, а подоцна и во Кралството Романија, во 17 и 19 век. Семејството Џика произведе многу војводи на Влашка и Молдавија и двајца премиери на Романија. Неколку гранки на семејството постојат и денес.  Основачот на династијата Џика, Георге, бил испратен за амбасадор во Високата порта во Цариград, каде што се зближил со големиот везир Ќуприли Мехмед-паша. Со негова помош станал војвода и за време на неговото владеење, Џика го преселил главниот град на Влашко од Трговиште во Букурешт.

Повеќе...
 
Среда, 29 Март 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Пачаџиев

1del123456789999012

Васил Пачаџиев (1883 – 27, IX 1942)) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Бил учесник во Илинденското востание во 1903 година. По востанието бил и самостоен војвода во Тиквешијата. Се борел со турските военополициски сили, меѓутоа и со врховистите. За време на Хуриетот учествувал во соборувањето на султанот Абдул Азис.

Повеќе...
 
Среда, 22 Март 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Јани Лукров

1luko1

Јани Лукров (1922 – 20. IV 1948) е истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење од Егејскиот дел на Македонија. Учествувал во комунистичкиот отпор за време на Втората светска војна во рамките на ЕЛАС. Во јули 1944 година станал член на Леринско-костурскиот баталјон „Гоце“. Подоцна е заменик командант на Првата егејска бригада, формирана во Битола. Заедно со бригадата се бори против силите на Бали Комбетар во Западна Македонија. Од мај 1945 година бил дел од четвртата бригада на корпусот на народната одбрана на Југославија. Од средината на 1946 година се враќа во Егејска Македонија и влегува во ДАГ. Таму станува капетан и командант на четата. Починал во Костараџа, меѓу Костур и Хрупишча. Монархофашистите го однеле телото во Костур и таму го влечеле по улиците на градот за да го плашат народот.

Повеќе...
 
Среда, 15 Март 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Антон Станишев

2leg3

Антон Станишев (1828 - 1904) e резбар и зограф од Македонија, претставник на Дебарската уметничка школа. Познат како като Дебарлијата околу 1840 година заедно со братот Димитар и Петар Филипов Гарката, работеле на главниот иконостас на црквата „Рождество на Богородица“ во Рилски Манастир. Потоа браќата Станишеви се одвоиле од Гарката и работеле самостојно на архиерејскиот трон, амвонот и иконостасот во црквата „Благовештение на Богородица“ во Прилеп. Двајцата браќа работеле и во Охрид, во црквата „Пресвета Богородица Каменско“, каде што во 1845 година го направиле иконостасот, амвонот и епископскиот трон. Исто така работел и на иконостасот на „Свети Илија“ во Дојран, кој беше уништен за време на Првата светска војна. Освен во Македонија, браќата работеле во Србија и Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 08 Март 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Измирлиев - Македончето

                                           1a190123

Георги Измирлиев (21.IV 1851 – 28. V. 1876) бил револуционер од Македонија, учесник во антиотоманското Априлско востание во Бугарија во 1876 година. Познат како Македончето („Малиот Македонец“), бил помошник на апостолот Стефан Стамболов и војсководец во Првиот трновски револуционерен округ. Тој спровел обемни организациски активности за подготовка на Априлското востание. Поради предаство, Македончето бил заробен и осуден на смрт со бесење. Тој самиот си ја ставил јамката на врат во Горна Орјаховица на 26 април.

Повеќе...
 
Среда, 01 Март 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Алекси Рилец

1de213

Алекси Рилец (1760 - 1850) е архитект, мајстор градител и резбар од Македонија. Тој е припадник на Дебарската (Мијачка) резбарска школа. Познат е по неговата работа на возобновување и одржување на Рилскиот манастир, кој бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски.  

Повеќе...
 
Среда, 22 Февруари 2023 02:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Павлов

1harm09012367890

Тодор Д. Павлов (14.II 1890 – 8. V 1977)  е бугарски комунист, политичар, новинар и академик, со потекло од Македонија. Тој е еден од тројцата регенти на Бугарија (9 септември 1944 – 15 септември 1946 година). Од 1957 година бил член на  ЦК на БКП, потоа од 1966 година член на Политбирото, а во периодот од 1947 до 1954 и 1962 до 1971 година бил двапати член на Президиумот на народното собрание.  Претседател на Бугарската академија на науките (БАН) бил во периодот од 1949 до 1952 и од 1961 до 1971 година. Исто така  бил  почесен претседател на бугарските писатели. По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Репѕблика Македонија оддржал свечен говор во Народниот театар на Софија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.