Среда, 31 Јули 2024 02:00 |
|
|
|
|
Георги Мончев
|
Георги Мончев (1883 – 25. VIII 1913) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев или Дамјан Груев. Бил учесник во Првата и Втората балканска војна.
|
|
Среда, 24 Јули 2024 02:00 |
|
|
|
|
Димитар Пандилов
|
Димитар Пандилов (1. III 1899 – 26. VII 1963) е македонски сликар, еден од најзначајните основоположници на македонската модерна уметност и најеминентен претставник на импресионизмот. Потекнувал од позната зографска фамилија. Ја приредил првата самостојна изложба на македонски модерен сликар во Скопје (1926). Работел масла, акварели и цртежи, а жанровски се определил за пејзажи, мртви природи, портрети, актови. Тој е еден од основачите на ДЛУМ. Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.
|
|
Среда, 17 Јули 2024 08:20 |
|
|
|
|
Тихомир Милошевски
|
Тихомир Милошевски (Тиќо) (23. VII 1915– 1. IV 1984) е македонски паризан, учесник во НОБ, прв командант на македонските воени единици за време на НОВ, подоцна генерал-мајор на ЈНА. Бил учесник во Февруарскиот поход, командант на Третата македонска НОУ бригада, командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ, командант на 41-та (македонска) дивизија на НОВЈ и командант на Петнаесеттиот (македонски) ударен корпус на НОВЈ (од окт. 1944). Со корпусот учествувал во завршните операции за ослободување на Југославија. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Прогласен е за народен херој на Југославија.
|
|
Среда, 10 Јули 2024 02:00 |
|
|
|
|
Славка Динкова
|
Славка Динкова (1848 – 19. IV 1869) е културно просфетен деец, прва позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија. Славка го водела првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик“ (1866–1868) и објавувала феминистички статии во весникот „Македония“ (1868).Таа со својата дејност оставила силен белег во времето во кое живеела и помогнала за надминување на препреките во однос на женското образование.
|
|
Среда, 03 Јули 2024 02:00 |
|
|
|
|
Трајко Желевски
|
Трајко Желевски (1875 – јуни 1923) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, од 1904 година до 1908 година, бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Учествувал во двете балкански и Првата светска војна. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил убием заедно со Тома Желински.
|
|
Среда, 26 Јуни 2024 02:00 |
|
|
|
|
Тодор Камчев
|
Тодор Камчев (1880 – 10. V 1961) е учител, македонски револуционер и тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Камчев бил меѓу водачите на Тиквешкото востание и е еден од ретките македонски војводи и револуционери, кој целиот свој живот му го посветил на македонското дело.
|
|
Среда, 19 Јуни 2024 02:36 |
|
|
|
|
Ордан Чопела
|
Ордан Чопела (1912 – Битола, 9. IV 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ. Познат е под певдонимот Кулак. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници. Во 1940 г, бил примен и за член на КП во Македонија. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учествувал во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Неколку месеци потоа загинал во борба со бугарската полиција. Во 1949 г. бил прогласен за народен херој.
|
|
Среда, 12 Јуни 2024 02:00 |
|
|
|
|
Георги Саракинов
|
Георги Саракинов (1887 - 1971) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој e правнук на Ангел Гацо, кој одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија и учествувал во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија.
|
|
Среда, 05 Јуни 2024 02:31 |
|
|
|
|
Кирил Ќамилов
|
Кирил Ќамилов (22. Ⅱ 1899 – 9. Ⅸ 1976) е универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Бил учесник во шпанската граѓанска војна (1937–1938), а потоа и во НОБ во Македонија. По Втората светска војна бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето во 1968 година. Тој е автор на голем број стручно-научни трудови.
|
|
Георги Топалов (1893 – 16. V 1944) е македонски револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Во 1923 година учествувал во Септемвриското востание. Потоа емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил во 1937 година. Во партизанското движење на отпорот во Пиринскиот дел на Македонија се вклучил во 1943 година заедно со синовите Димитар и Иван и неговата ќерка Надежда – најмладата партизанка. Тој бил политички водач во партизанскиот одред „Никола Парапунов“ и заменик политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |