Петар Завоев (20.VI.1880 – 19.II. 1969) е раскажувач, публицист и новинар од Македонија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија и работел како новинар во Пловдив. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата книга „Писма од Македонија“. Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др..
|
|
Тодор Ангелов Ѕаков (12.I 1900 – 30. XI 1943) e македонски револуционер кој долго време живеел во Белгија. Одржувал контакти и врски со македонското револуционерно и национално движење. Првично анархист, а потоа член на белгиската комунистичка партија, во 1940-тите тој предводел герилска група против нацистичка Германија. Групата била активна главно во Брисел. Во 1943 година бил заробен и застрелан од германските окупациски власти. По војната Ангелов бил прогласен за херој на белгискиот отпор и постхумно бил прогласен за полковник. Познат е како Тоде Божаната, а ги користел псевдонимите Симон, Боб, Жан Бастиен.
|
|
Среда, 24 Април 2024 02:00 |
|
|
|
|
Дино Абдураманов
|
Дино Абдураманов (1872 - 2. VI 1902) е македонски револуционер, член на ТМОРО и народен јунак. При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Наоѓајќи се во безизлезна положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа со сабја ги нападнал Турците и умрел. Тоа е еден од ретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите. Опеан е во неколку народни песни.
|
|
Среда, 17 Април 2024 02:00 |
|
|
|
|
Гоце Стојчевски – Амбарче
|
Гоце Стојчевски – Амбарче (26. XI 1919 – 19. IX 1944) е македонски партизан, народен херој. Бил учесник во народноослободителното движење од 1941 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 година бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба со балистите и бил прогласен за народен херој на Југославија.
|
|
Среда, 10 Април 2024 02:00 |
|
|
|
|
Владимир Ковачев
|
“Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“
|
|
Среда, 03 Април 2024 02:00 |
|
|
|
|
Тодор Циповски – Мерџан
|
Тодор Циповски - Мерџан (16. XI 1920 – 19. IX 1944) е македонски партизан, првоборец и народен херој. По априлскиот напад врз Кралството Југославија во 1941 г., активно учествувал во собирање на оружјето и организирање на народноослободителното движење (НОД). Во 1942 г. бил назначен за секретар на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија окупиран од Италија. На 19. VIII 1943 г., во неговата куќа била одржана Првата седница на ЦК на КПМ. Од септември 1943 г. е секретар на првиот Областен комитет на КПМ за Западниот дел на Македонија, а од октомври 1943 г. е член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и потоа бил делегат. Загинал во борба со балистите.
|
|
Среда, 27 Март 2024 02:00 |
|
|
|
|
Михаил Ракиџиев
|
Михаил Ракиџиев (1878 - 1935) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1901 година, Гоце Делчев престојувал ви неговата куќа во Битола, во која се одржало советување со Никола Русински, Јордан Пиперката и други битолски војводи. Од 1904 година бил член на Битолскиот ОРК на МРО и реонски началник на Ѓавато со околината. Во 1905 година бил осуден на 5 години затвор во Битола, но бил ослободен по Младотурската револуција.
|
|
Среда, 20 Март 2024 02:00 |
|
|
|
|
Крум Зографов
|
Крум Зографов (1884 – 4.V.1922) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и на Македонската федеративна организација. Во декември 1912 година Зографов учествувал на средбата на македонските дејци во Велес, организирана од Димитар Чуповски, на која било решено да се испратат претставници на конференцијата во Лондон, како и во Париз за да се борат за зачувување на целовитоста на Македонија.
|
|
Среда, 13 Март 2024 02:00 |
|
|
|
|
Васил Мончев
|
Васил Мончев (1847 – 1913) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој се преселил во Солун, каде неговите хотели Бошнак хан и хотел „Вардар“ станале центри на револуционерната организација. Тој бил најдоверливата личност на членовите на ЦК и нивните помошници
|
|
Среда, 06 Март 2024 02:00 |
|
|
|
|
Др. Константин Тренчев
|
Др. Константин (Коста) Николов Тренчев (1895 - 1969) е еден од првите македонски доктори, хуманист и борец за независна Македонија. Заедно со струмичаните Коста Терзиев и Васил Иванов, ја основа организацијата „ВМРО 1945“, преку која испратија меморандум до Големите сили и ООН за создавање независна и независна македонска држава. Од тогашните власти тој беше осуден на смрт, но под меѓународен притисок казната беше заменета во затвор.
|
|
|
|