На прво место

СДС и Филипче прават политикантство од националните интереси на штета на државата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, упати критики кон СДС, оценувајќи дека опозициската партија треба повеќе внимание да посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо на политички напади кон ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ковачки, СДС се соочува со сериозни внатрешни предизвици и потребно е да ја преиспита својата реторика и политичка насока.

„СДС може да зборуваат што сакаат, но треба малку повеќе да погледнат во сопствените редови. Наместо да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе ги порази на следните парламентарни избори кога и да се одржат, треба да внимаваат на сопствената коалиција и на сопствените фронтови кои однапред им се пробиени и можат да им донесат штета. Треба да ја променат реториката и да се вратат на сопствената идеологија, која ја изгубија во периодот кога беа во Владата под раководство на ДУИ“, изјави Ковачки.

Осврнувајќи се на реформските процеси, Ковачки оцени дека за време на владеењето на СДС бил реализиран само мал дел од предвидените реформи, додека актуелната власт, според него, покажува поголема ефикасност во нивното спроведување.

Тој истакна дека претходната власт правела отстапки кои, според неговата оценка, биле на штета на националниот идентитет, историјата, културата и традицијата, додека сегашната Влада е фокусирана на спроведување на реформската агенда.

„СДС во текот на своето владеење не ги реализираше најголемиот дел од реформите што ги најавуваше. Наместо тоа, беа гласни кога стануваше збор за отстапки на сметка на националниот идентитет, историјата, културата и традицијата. Денес ситуацијата е поинаква – Владата е посветена на реформите и токму затоа кај СДС постои страв и паника, па сè потешко наоѓаат начин како да ја напаѓаат власта“, рече Ковачки.

Во своето гостување тој се осврна и на политиките на лидерот на СДС, Венко Филипче, во однос на националните прашања, оценувајќи дека дневнополитичките пресметки околу теми поврзани со државните интереси се штетни и мора да престанат.

„Да се прави дневно политикантство од националните интереси и на тој начин да им се дава муниција на оние што бараат Македонија да се покори е штетно за државата, за народот, па дури и за самата партија што го прави тоа. За жал, токму такво политикантство гледаме секојдневно. Националните интереси не смеат да бидат средство за дневна политика и тоа мора да престане. Често велам дека Венко Филипче се однесува како адвокат по службена должност на Бугарија. Некои го нарекуваат и специјален претставник, но суштината е иста. Начинот на кој комуницира со јавноста и ја потенцира македонската необединетост, наместо да придонесе за национално единство, покажува дека станува збор за политика која не ѝ носи добро на татковината“, истакна Ковачки.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top