На прво место

Грција го кандидираше Олимп за светско наследство на УНЕСКО – планината е дел од историска Македонија

Олимп денес се наоѓа во границите на Грција, но се издига на јужниот раб на историска Македонија, на границата со Тесалија, додека неговата северна страна кон Пиерија е неразделно поврзана со македонската историја

Грција ја кандидираше пошироката област на планината Олимп за впишување на Листата на светското наследство на УНЕСКО, како локалитет со истовремено културно и природно значење.

Кандидатурата треба да биде разгледана на 48. седница на Комитетот за светско наследство, која од 20 до 29 јули се одржува во Бусан, Јужна Кореја. На седницата ќе бидат разгледани предлози за впишување на 30 нови локалитети од повеќе земји.

Олимп, со највисокиот врв Митикас од 2.918 метри, е највисоката планина во денешна Грција. Кандидатурата ја опфаќа неговата поширока област, која се протега меѓу Пиерија и Лариса, односно меѓу Македонија и Тесалија.

Олимп и историска Македонија

Иако денес се наоѓа во рамките на грчката држава, Олимп не може да се одвои од историската и географската целина на Македонија.

Во самиот документ објавен на страницата на УНЕСКО јасно се наведува дека Олимп „се издига на границата меѓу Македонија и Тесалија, меѓу областите Пиерија и Лариса“. Кандидатурата административно ги опфаќа регионите Централна Македонија и Тесалија.

Според тоа, најпрецизно е да се каже дека Олимп се наоѓа на јужниот раб на историска Македонија, при што неговите северни и источни падини кон Пиерија претставуваат дел од македонскиот историски и географски простор.

Особено значајно е што и во образложението на грчката кандидатура се споменува „македонската страна на Олимп“. Таму, според записите на Плутарх, биле организирани поворки и жртвувања во чест на Зевс. На врвот Агиос Антониос е откриено светилиште на отворено, со наоди што потекнуваат од хеленистичкиот период.

Во подножјето на планината се наоѓа и античкиот град Дион, еден од најзначајните религиозни и културни центри поврзани со античка Македонија. Археолошкиот локалитет Дион е вклучен и како составен дел од пошироката кандидатура на Олимп.

Оттука, современите државни граници не треба да го избришат историскиот факт дека Олимп е непосредно поврзан со Македонија и со наследството на античките Македонци.

Културно и природно наследство

Грција бара Олимп да биде впишан како мешовито културно и природно наследство поради неговото митолошко, археолошко, религиозно и еколошко значење.

Планината е позната како митолошко живеалиште на дванаесетте олимписки богови, но на неа и во нејзиното подножје се наоѓаат и бројни траги од човечко присуство – антички светилишта, стари патишта, ранохристијански објекти, манастири и цркви.

На врвот Свети Илија, на надморска височина од 2.803 метри, се наоѓа православна капела, која се смета за една од највисоко поставените православни богослужбени градби. Во клисурата Енипеас се наоѓаат остатоците од манастир основан во 1542 година, како и пештерската црква на Свети Дионисиј.

Олимп има и исклучително природно богатство. Неговите падини опфаќаат шуми, алпски висорамнини, длабоки клисури и голем број ретки и ендемични растителни и животински видови. Поради тоа, планината уште во 1938 година била прогласена за национален парк.

УНЕСКО го опишува Олимп како природен споменик со глобална и симболична вредност, во кој природната убавина, биолошката разновидност, историјата и митологијата создаваат единствена целина.

Одлуката сè уште не е донесена

Самата кандидатура не значи и автоматско впишување на Олимп на Листата на светското наследство. Грција го започнала процесот уште во 2014 година, кога пошироката област на планината била внесена на Прелиминарната листа на УНЕСКО.

По разгледувањето на целосното досие, советодавните тела доставуваат мислење, а конечната одлука ја носи Комитетот за светско наследство. Според достапниот нацрт-документ за седницата во Бусан, можно е кандидатурата да биде вратена на дополнување, со барање Грција да достави попрецизни податоци и објаснувања.

Без оглед на исходот, кандидатурата повторно го насочува светското внимание кон Олимп – планина со исклучително природно и културно наследство, но и планина чие место во историската географија на Македонија не може да биде занемарено.

Најново од: На прво место

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

To top