На прво место

Македонија прва во групата Западен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија од последна станала прва во групата Западен Балкан 6 и најави нови успеси на Владата во периодот што следи.

„Сите оние кои што се молат да не успее оваа Влада, на тој начин се молат да не успеат и државата и граѓаните. За жал, имам лоша вест за нив – ќе мора да сведочат на многу успеси кои што ги прави оваа Влада“, рече премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека Владата ветила дека Македонија од последна во групата Западен Балкан 6 ќе стане прва, и дека тоа веќе се потврдува преку извештаите.

„Фактите се дека рековме – од последни во групата Западен Балкан 6 ќе бидеме први. Се зафативме со жестока работа веднаш по завршувањето на локалните избори и еве, веќе во јануарскиот извештај сме први“, појасни премиерот.

Мицкоски истакна дека Владата има интензивна комуникација со претставниците на Европската комисија и дека очекува позитивната позиција на Македонија да биде потврдена и со јунскиот извештај.

„Имаме интензивна комуникација со господинот Гертијан Копман, работиме на сите портфолија во рамките на Владата и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и по јунскиот извештај. Очекувам оние 30-тина, односно 31 милион евра директна буџетска поддршка, до крајот на годината да се приближат до бројката од 100 милиони евра директна буџетска поддршка“, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека кога на тоа ќе се додадат и средствата предвидени за финансирање проекти, вкупната сума ќе достигне неколку стотици милиони евра.

„Кога на тоа ќе се додадат и средствата предвидени за проекти, таа бројка ќе биде неколку стотици милиони евра и така продолжуваме во периодот кој што следи“, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на критиките од опозицијата, премиерот потсети на повеќе, како што рече, неуспешни обиди за создавање негативна атмосфера.

„Се сеќавате како ликуваа кога излезе интервјуто на известувачот Вајц во нивните омилени бугарски медиуми, а потоа ги немаше да го коментираат кога господинот Вајц јасно кажа дека има реформи, што, впрочем, со овој извештај го потврди и Европската комисија“, рече Мицкоски.

Тој потсети и на тврдењата дека ќе дојде мигрантски бран, како и на обвинувањата дека државата е пред банкрот.

„Ни велеа дека ќе доаѓал бран мигранти. Еве дојде мај месец, ќе помине и мај месец, а нема мигрант како резултат на договорот со Обединетото Кралство. Се сеќавате дека минатата година водеа кампања дека само што не сме банкротирале, а ние денеска велиме дека, и покрај сите предизвици во светот и во Европа, имаме успеси во македонската економија“, изјави премиерот.

Мицкоски додаде дека Македонија бележи позитивни економски резултати.

„Според растот на бруто домашниот производ сме во првите три, односно во првите пет во Европа, колку тоа и да наиде на потсмев кај одредени структури“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека целта на Владата е да се бори за граѓаните, да го испорача ветеното и да ги исправи, како што рече, погрешните политики од претходниот период.

„Целта на оваа Влада е да се бори за граѓаните, да го испорачува тоа што го ветила, истовремено да ги исправи сите погрешни политики кои беа политики на ограбување, политики на грабеж, политики на понижување, себеомаловажување и коленичење“, истакна тој.

Според Мицкоски, тие политики оставиле голема трага, но Владата успешно работи на нивно коригирање.

„Тие политики оставија голема трага и, за жал, ние ќе мора уште некое време да се занимаваме со сето тоа што беше уништено во седум години Влада на СДСМ и ДУИ. Но, сега сме прилично успешни во тоа“, рече премиерот.

На крајот, Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да испорачува резултати.

„Имам лоша вест за сите оние кои сѐ би дале оваа Влада да не успее и Македонија да не успее. Ќе мора да ги гледате успесите на Владата уште долго време, а наскоро само пред малите екрани, бидејќи ќе бидете политичко минато“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top