На прво место

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината.

Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи Македонија. Според него, опозицијата се противи на секој проект што го предлага Владата, без да понуди сопствена развојна идеја.

„Вчера, токму овде во Брвеница, слушнавме тешки зборови од СДС и нивното водство. Слушнавме дека Македонија одела во погрешна насока, слушнавме обвиненија за рудници, за дата-центри, за странски влијанија, за меѓуетнички поделби, но граѓаните имаат право да слушнат и што стои зад тие зборови.

И затоа вечерва сакам да поставам едно многу едноставно прашање до СДС, да кажам една дилема којашто ја имам лично, разбравме дека од СДС се против за се, дека се против Владата, против се за инвестиции, против биле за проектите, кога одиме во САД велат сме имале скриени намери, кога разговараме за инвестиции тие зборуваат за некаква распродажба, кога зборуваме за индустрија и за рударство тие однапред прогласуваат катастрофа, секој ден имаме нови обвинувања, нова прес-конференција која без исклучок е темелена на лаги, измислици, клевети.

За што се тие?

Тие се за марихуана економија, тоа им лежи најмногу“, рече Мицкоски и додаде:

„Тие се да ја распродаваат Македонија, да им ставите бел лист хартија тие ќе потпишат се само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови“.

Мицкоски посочи дека зад политиките на СДС не стои грижа за граѓаните и развојот на државата, туку интерес за задржување на влијанието и остварување лични придобивки.

„Тие се да прават таканаречени здравствени установи коишто им горат живи луѓе, а притоа преку нивните инсталации во судско обвинителскиот систем да бидат амнестирани од истите, ете за тоа се тие.

Тие се ако може на било кој чекор да украдат, да измислат нешто, но никако не се за да може да ја видат Македонија како се развива, како расте и како може да биде подобро место за живеење“, дециден е Мицкоски.

Тие се за марихуана економија, тоа им лежи најмногу“, рече Мицкоски.

Тој изнесе и остри обвинувања за постапувањето на поранешната власт и за влијание во правосудството.

Во своето обраќање, Радичевски го стави акцентот на локалните потреби. Тој порача дека бара поддршка за продолжување на започнатата работа и за реализација на проекти со утврдени рокови и извори на средства.

Меѓу најавените зафати ги наведе изградбата и обновата на локалните патишта во Челопек, Теново, Стенче, Волковија и Блаце, како и довршувањето на канализациските мрежи во Седларце, Брвеница, Челопек, Блаце и Милетино.

Најави и систем за водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона „Брвеница“, со цел привлекување инвестиции и отворање работни места.

Радичевски зборуваше и за поддршка на младите претприемачи, женското претприемништво и руралниот развој.

Во програмата ги посочи новата детска градинка во Челопек, доградбата на градинката во Брвеница, дом за стари лица со капацитет до 50 корисници и подобрување на пристапноста на училиштата за деца со посебни потреби.

Најави бесплатен интернет на јавни места, електронски општински услуги и платформа преку која граѓаните ќе можат да учествуваат во одлуките.

„Ветувам дека ќе продолжиме да работиме посветено, транспарентно и чесно, за поубава општина Брвеница која се развива, со подобри услови за сите нејзини жители“, рече Радичевски.

Тој ги повика граѓаните на претстојните предвремени локални избори да му ја дадат довербата, под слоганот „Една Брвеница за сите!

Да ја сочуваме силата на единството!“

Најново од: На прво место

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

To top