На прво место

СДС повторно се фати во лага: Нема мигранти, но ќе има брза пруга

СДС со месеци ја заплашуваше јавноста со приказни за наводни мигрантски кампови и масовен прилив на мигранти во Македонија. Денес фактите целосно ги демантираат нивните тврдења. Април помина, мај помина, а веќе е средина на јуни и од најавуваниот „бран мигранти“ нема ниту трага.

Наместо сценарија за мигрантска криза, Македонија добива нови инвестиции, развојни проекти и модерна инфраструктура што ќе придонесе за економски раст и подобра поврзаност на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно порача дека тврдењата на СДС се покажале како невистинити и дека во државата нема мигранти, ниту пак ќе има, како што со месеци тврдеше опозицијата. Тој потсети дека јавноста беше изложена на постојани политички обвинувања и обиди за создавање паника, според кои Македонија требаше да стане центар за сместување мигранти и неуспешни баратели на азил. Но денес фактите зборуваат поинаку.

„Требаше во април да имаме бран на такви лица, еве средина на јуни е, нема и нема ниту да има“, изјави Мицкоски.

Уште кон крајот на минатата година премиерот јавно ги отфрли шпекулациите за мигрантски кампови и порача дека додека тој ја предводи Владата нема да има прифаќање мигранти во Македонија. Тогаш предупреди дека ваквите тврдења се дел од политичка кампања чија цел е создавање страв и несигурност кај граѓаните.

Неколку месеци подоцна, фактите покажуваат дека предупредувањата на СДС биле без основа. Нема мигрантски бранови, нема кампови и нема сценарија што опозицијата ги претставуваше како извесна иднина за државата.

Наместо тоа, Владата е насочена кон реализација на крупни инфраструктурни проекти. Еден од најзначајните е изградбата на брзата железничка пруга долж Коридорот 10, која ќе ја поврзе Македонија со северниот и јужниот сосед и ќе претставува нова развојна артерија за државата.

Според Мицкоски, овој проект ќе донесе побрз транспорт на патници и стоки, поголема економска активност, нови инвестиции и подобра регионална поврзаност. Брзата пруга треба да ја зајакне позицијата на Македонија како важен транспортен и логистички центар на Балканот.

Така, додека СДС со месеци говореше за мигранти и ширеше загриженост кај јавноста, Владата работеше на проекти што ќе ја модернизираат државата и ќе создадат услови за долгорочен економски развој. Разликата е очигледна – едните нудеа страв и шпекулации, а другите најавуваат инфраструктура, инвестиции и нови можности за граѓаните.

Најново од: На прво место

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

To top