На прво место

Сите го поздравуваат напредокот на Македонија, само Филипче и Радев гледаат единствено во уставните измени

Додека европските и меѓународните претставници зборуваат за реформи, економски напредок и дипломатски успеси, лидерот на СДС и бугарскиот претседател остануваат фокусирани само на едно прашање – уставните измени.

Во изминатиот период Македонија доби повеќе позитивни сигнали од меѓународната заедница. Европските претставници го поздравија напредокот во спроведувањето на реформската агенда, беа одобрени значајни средства од европските фондови, а државата бележи и видливи дипломатски успеси на меѓународната сцена.

Од Брисел пристигнуваат пораки за потребата од продолжување на реформите, зајакнување на институциите, владеење на правото, економски развој и модернизација на државата. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски токму на тие полиња работи и остварува резултати што ги признаваат и домашните и странските партнери.

Но, додека најголемиот дел од Европа зборува за реформи во поширока смисла, Венко Филипче и СДС како да гледаат само една тема. За нив речиси секое прашање завршува со барање за уставни измени.

Во јавноста сè почесто се поставува прашањето зошто токму опозициската партија покажува поголема нетрпеливост од самата официјална Софија кога станува збор за исполнување на бугарските барања. Наместо да бараат гаранции дека процесот ќе има јасен крај и дека нема да следуваат нови условувања, од СДС продолжуваат да ја повторуваат истата порака што со години се слуша од Бугарија.

Оттука и впечатокот дека денес постојат само двајца политички актери кои уставните измени ги претставуваат како единствена и најважна реформа за Македонија – Венко Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев.

Во меѓувреме, граѓаните очекуваат подобар животен стандард, нови инвестиции, повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посилна економија. Тоа се реформите што директно го подобруваат животот на луѓето и токму таму треба да биде насочена енергијата на секоја одговорна политика.

Македонија има потреба од европска иднина, но и од достоинствен пристап во кој националните интереси нема да бидат предмет на постојани отстапки и нови условувања. Затоа сè повеќе граѓани ја поддржуваат позицијата дека секој следен чекор мора да биде проследен со јасни гаранции, а не со празни ветувања.

Додека Европа го оценува напредокот низ призмата на реформите и резултатите, Филипче и Радев остануваат заробени во една единствена тема. А Македонија одамна има потреба да зборува за многу повеќе од тоа.

 

 

Најново од: На прво место

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Најнови вести

To top