На прво место

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик, доколку дијаспората може да гласа

ВМРО-ДПМНЕ порача дека е подготвено да го прифати договорот на опозициските партии за изборните реформи, под услов да се обезбеди реално и поедноставно остварување на избирачкото право на македонските државјани во дијаспората.

На денешната средба на работната група за Изборниот законик, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, повторно беше отворено прашањето за можноста македонските државјани кои живеат во дијаспората полесно да го остварат своето право на глас.

Како што истакна пратеникот Бојан Стојаноски, на средбата биле побарани ставовите на останатите политички партии за евентуално придвижување во однос на претходните разговори.

„Нашиот став беше да дадеме можност во законот и да отвориме простор дијаспората да се изјаснува по модел различен од сегашниот.

Првично предложивме електронско гласање, а потоа, поради различните ставови на опозицијата, го изменивме предлогот во гласање по пошта.

Предложивме начинот на гласање да биде регулиран со подзаконски акт што ќе го донесе Државната изборна комисија најдоцна до 30 септември 2028 година“, рече Стојаноски.

Тој посочи дека од опозициските партии било соопштено дека нивните ставови остануваат непроменети.

Според него, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ВЛЕН и ЗНАМ, понудила нов пристап, со кој опозициските партии најнапред треба меѓусебно да ги усогласат своите различни позиции.

„Им предложивме на СДС, ДУИ, Левица и другите опозициски партии да седнат и да се договорат за сите прашања околу кои имаат различни ставови. Тоа се една изборна единица, моделот на финансирање, постапката за приговори и поплаки, како и моделот за гласање на дијаспората“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати секое решение што ќе произлезе од договорот на опозициските партии.

„Сè што ќе договорат Левица, СДС, ДУИ и другите опозициски партии – во делот на финансирањето, поплаките, една изборна единица и сите останати детали – ќе го прифатиме, сè додека биде прифатен нашиот основен став, а тоа е дијаспората да може да го остварува своето уставно загарантирано право на глас и да се изјаснува на изборите“, порача Стојаноски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека […]

Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови води во Брвеница — во вториот круг со Аркин Јахи

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 2.943 гласови, односно 38,90%, според првичните резултати на Државната изборна комисија. Со предност од 791 глас пред второпласираниот Аркин Јахи, Радичевски влегува во вториот изборен круг. Според податоците на ДИК, ажурирани на 18 октомври во 21:27 часот, обработени се сите 24 избирачки места во Општина […]

Светски подвиг на Матка: нов светски рекорд во пештерско нуркање

Македонски, полски и италијански нуркачи ги поместија границите на истражувањето на Врело. Според Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, достигнувањето претставува нов светски рекорд во пештерско нуркање. Под мирната површина на Матка, меѓу карпите што го чуваат едно од највпечатливите природни богатства на Македонија, меѓународен тим нуркачи оствари исклучителен подвиг. Во рамките на експедицијата „Врело 2026“, подводната пештера […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

To top