Песни за Македонија

За доброто на луѓето

pesna-za-makedonija

pesna-za-makedonijaРадојка Трајанова

За доброто на луѓето (драма)

-Македонка

Јас порака една синко

сакам да пратам

на мајките на сите војници

-Чедни и нечедни мајки

вашите срца

исто ке се разнежнат на исти начин

ако загине вашиот син војник

дури ако е тој повеке од војник

војник над војниците, супер војник,

војник на нато, војник на кфор

војник македонец, војник албанец.

или пак ако е војник непознат,

Запрете го лудилото!!!

Лудило кое се заканува

да го запали Балканот, Европа и светот!!!

Запрете го ширењето на злото,

за да не биде никој убиен,

во судбинските самоодбрани денови на пролетта

на почетокот на зреењето на пченицата,

зашто кога таа ке врзи плод

синовите ке ви се потребни за жетва!

Запрете го гласот

на некој опак човек

со било какво име и лик

кој повикува на насилство

тој сака да посее ужас за сите нас!

Останете приврзаници на мирот!

-Никола

А мене мајко ако ме повикаат

јас морам да одам

одбраната на земјата е света работа!

-Македонка

Биди за мир

тоа е мир за сите души,

души кои сакаат во мир да сеат.

Зашто сега кој ке посее огнен ветар

утре ке пожнее крвава бура !

-Никола

Така е мајко.

-Македонка

Не дозволувајте синко

да се фрли огин врз ниеден град

зашто гладен огинот еднакво ги голтаи куките и дворците.

Помеѓу вистината и пријателството

одберете го пријателството

зашто вистината може да се менува

за разни времиња важат разни вистини

а пријателството е вечно.

-Никола

Прав и пепел летаа во умот наш

барутен чад и тутунов смрад

ги смирисаа душите

не беше лесен сонот

под покривката влажна

од долждлив звук на солзите.

Се заколнавме

-Нема веќе да го играме ТЕШКОТО!

… ОРОТО!

додека звукот на тапанот

одекнуваше низ смрзнатите уши

ТА,ТА,ТА,ТА

наслушав

од многу блиску

небото светна како силен ден

позадината на умот блесна

секавица мајко

ножот блесна,

помислив гердан од уши

злосторниците нижеа,

збирка од очи во бои разни

во стаклени чаши,

брутални резби со нож

врз човечка кожа

цртаа карти, нивни знаци,

сред Балканот, во срцето на Европа

СРЕД БАЛКАНОТ ТЕРОР + ТЕРОР

-Македонка

Каков срам за Македонија

угледот нејзин го поплукаа сите

местото нејзино не беше во ситемот цел,

слепото црево на Европа,

каде се збираат отпадниците од родот

неразумниот ум на други што го пере

како парче непотребно

кое се токми да го скрои

по нечија желба

да се одсече.

ОСКАТА е Македонија!

Македонија е главна

околу која сите системи се вртат

цврстата коска

што нивната мекст ја држи

гранка на која

системите на Европа седат,

гранката на мирот

врз која пеат весело

европските птички

балови забави се ројат.

Синко слушај ме

што ке ти речам

најпотребно нешто е Македонија

НАЈПОТРЕБНО ШТО МОРА ДА ГО ИМА

а биде рамнотежа

клетката на Европа жива.

Врв е тоа- ТРОН МАКЕДОНСКИ

корен, стебло, висинска оска

почеток

крај на бројот

време македонско!!!

Одтука тргна

светот да се брои.

Аристотел е наш македонски

неговата Етика е основа за наука

зборот МОРАЛ

се родил тука

овде на тлото македонско,

не на злобни орли

кои слава македонска

сакаат да грабнат!

ЕТИКА

со три својства

невоздржаност, злоба и страстен бес,

толкувањето на науката и се нуди.

Неговата физика

ум му дарува на светот

учен след загосподарува со векот.

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top