
Саво Костадиноски
Од името на народот македонски,
од с# срце праќам комитски завет:
отсекогаш нација сме биле
и библиски народ славен.
Од името на земјата македонска,
исконска, древна, од века,
комитската порака ќе живее
како вечно непресушна река.
Од името на слободата мила,
поракава секој да ја почитува:
за одбрана на татковината –
секој од нас да се воспитува.