(Посветено на прадедо ми Костадин војводата,
на дедо ми (по мајка ) Дамјан – илинденец – и на татко ми Сергеј – учесник на Сремскиот фронт)
Одамна се уверив дека гените не лажат
во крвта ми ѕунат со комитски глас,
во свеста се ехо на илинденец борец
и на авноец слободоносец за сите нас.
Но како потомок пишував верно
татковински чувства во стихови леев,
македонствував така жилаво и гордо
кога жалосно плачев и кога среќен пеев.
Ја ценам сечија голема храброст
во тоа е и непокорот на Македонија,
посебно ги ценам смелите борци
тие кои слободата не ја досонија.

Саво Костадиноски