Еве не
Тука сме
Горди постоиме
Не се предадовме
И не се предаваме
Затоа што така ни било пишано
Затоа што сме
Сложни Македонци непокорни
Во душата и срцето
Со вечен истрај, тврдокорни
Еве не
Пред светот
На глас
Завет испраќаме
Завет и за потомци идни
Та и тие како нас
Со љубов
Да ја сакаат Македонија
Како чеда нејзини видни
Саво Костадиноски
НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА
Песнава е напишана на “Гоцев плоштад“ во Село Зубовце-Гостивар, мај 2010 година