Архива за: 12.02.2014

viktorisko-uciliste-1

Наставата во Викториското училиште

Запишeте ги вашите деца да го изучуваат македонскиот јазик во Австралија…. Наставата во Викториското училиште за јазици започнува на 8-ми февруари… The Macedonian language has been taught at VSL centres since 1977. it is a great privilege for the Macedonian Community in Australia to be able to pass on the language to younger generations born […]

viktor-genea

Контемплација

Јас Виктор Генеа еден Македонец од југдекларирам дека ми беше украдена радостакоја ја сокрив во гогозотисушен или пресно озеленеткој расте во таа сина бараод крајот на селотовистина ене беа моиниту гогозотниту барата во која ја сокривјас декларирамдека ми беше украдена радостакоја ја сокрив задбескрајните колони на мојава душано ми беше украденаод одзивот далеченна зелениот погледкоиеден […]

martinki

Мартинци – (27/14 ноември)

Мартинци (познат и како мартинија, волчји празник) е стар календарски обичај поврзан со различни датуми. Трае еден или три дена и најчесто се врзува со божиќните поклади (27/14 ноември). Со него се поврзани повеќе дејства, со кои му се врзува устата на волкот да не ја јаде стоката. Тоа се правело на тој начин што […]

sretenie

Сретение Господово

На празникот Сретение Господово Црквата го слави споменот на значајниот настан во земниот живот на нашиот Господ Исус Христос (Лука 2, 22-40). Во 40-от ден по раѓањето, Богомладенецот беше принесен во Ерусалимскиот храм – центар на верскиот живот на богоизбраниот народ. Според законот Мојсеев (3. Мој. 12),  на жената што ќе роди машко дете, во текот […]

geo-pirinski

Гео Пирински

Георги Николов Зајков (псевдоним: Гео или Георги Пирински) (15. VIII. 1901 – 7. XII. 1992) е еден од најактивните културнонационални дејци меѓу македонската прогресивна емиграција во САД. Поради македонските активности повеќепати е затворан, а со Макартиевиот Закон за внатрешна сигурност во 1950 година е осуден на 10 години затвор или екстрадиција во земјата од каде […]

Vojdan_krvava_svadba

Македонска крвава свадба

Македонска крвава свадба е најкомплетниот драмски текст на Војдан Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии. Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните – веќе заинтригирани од познатите авторот – веднаш […]

mile-aleksievski

Миле Алексиевски, човекот што со татка си го направи саркофагот за Гоце Делчев

Треперам, првпат го допирам по 68 години, дрвото сè уште е нежно. Додека го допираше, рацете му трепереа. Го погали онака како што се гали родено дете, нежно, полно со љубов. Раката му одеше по избразденото оревово дрво кое и ден денешен ја чува убавината на резбата која тогаш му ја подариле неговиот татко Нестор […]

sto-godini-kopnez

Во Корча, Република Албанија, беше промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од охридскиот писател Мишо Јузмески

Домаќин и организатор на средбата беше Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча, а публиката ја сочинуваа претежно етнички Македонци од округот Корча, односно жители на градовите Корча, Поградец, Билишта и општина Пустец, како и преставници од македонските друштва “Прегор” од Поградец и “МЕД” од Врбник. На промоцијата присуствуваше и Едмонд Темелко, градоначалникот на општината Пустец. […]

janko-tomov

Без масовно гласање на иселеништвото нема стабилност за Република Македонија

Пишува: Јанко ТОМОВ Деновиве сме сведоци на предизвици за сериозни одлуки. Едните се за редовните Претседателски избори во Република Македонија и вторите предизвици се за предвремени Парламентарни избори заедно со претседателските. Државната изборна Комисија (ДИК), дава оглас дека и дијаспората ќе гласа во изборните единици 7, 8 и 9, еден ден пред одржувањето на изборите […]

georgi-balsacev

Георги Баласчев

Георги Баласчев (псевд. Езерски) (10. IV. 1869 – 6/7. X. 1936) е историчар, археолог, публицист и еден од видните претставници на македонската емиграција во Бугарија, каде бил обележан како сепаратист. Во 1891 година, бил еден од иницијаторите за основање на Младата македонска книжевна дружина, а во 1892 година и на списание „Лоза“ во Софија. Го […]

venko-markovski

Историски и современи македонски парадокси – Случајот на Венко Марковски (3 дел)

Виолета АЧКОСКА Историјата на случајот Венко Марковски, без да го намалиме огромното значење на неговата дејност непосредно пред Втората Светска Војна во будењето и афирмирањето на македонската национална свест, не говото учество како член на ГШ на НОВ и ПОЈ на Македонија, асномските заслуги итн., сепак започнува непосредно по 9-ти септември 1944 г. кога тој […]

antigon-3-doson

Антигон III Досон

Монета со Ликот на Антигон III Досон Антогон III Досон (263 п.н.е.-221 п.н.е.) бил крал на Македонија од 229 п.н.е. до 221 п.н.е. и` припаѓал на династијата Антигониди. Антигон бил внук (од брат) на Антигон II Гонат. Со смртта на Деметриј II (229 п.н.е.), Антигон станал старател на синот на Деметриј II, Филип. Во 227 […]

To top