На прво место

Правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ

За време на седумгодишното владеење, СДС и ДУИ го исполниле правосудниот систем со свои кадри и послушници, кои наместо по закон, носат одлуки во корист на поединци блиски до власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како скандалозна одлуката на ЈО ГОКК, под раководство на Ислам Абази, да ја стопира постапката за, како што велат, криминал тежок 167 милиони евра поврзан со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, каде што постоеле сомнежи и за перење пари и нанесување штета на животната средина.

Во соопштението се наведува дека, иако јавноста видела сериозни индиции за тежок криминал, обвинителството не пронашло доволно докази, со што од кривична одговорност биле спасени Васко Ковачевски од СДС, Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ, како и нивни партнери.

Од партијата сметаат дека ова не е случајна одлука, туку доказ за влијанието што, според нив, сè уште го имаат Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев врз делови од обвинителството и судството.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Ислам Абази, како шеф на ЈО ГОКК, имал надлежност и обврска да биде информиран за текот на предметот, како и можност да одлучи случајот да продолжи или да биде предаден на друг обвинител.

„Наместо да биде обвинител кој ќе гони организиран криминал и корупција, Ислам Абази си ја препишал улогата на судија и дал согласност да се затвори случај тежок 167 милиони евра пред истиот да влезе во судска постапка“, наведуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е првпат случај од ваков јавен интерес да биде затворен уште пред да стигне до суд, поради што сметаат дека одлуката е донесена врз „лукративно-политички“, а не правни основи.

Партијата предупредува дека со ваквото постапување ЈО ГОКК се претвора во институција што, наместо да гони криминал, ќе работи во корист на осомничени и обвинети за тежок криминал, а штетата, како што велат, ќе ја плаќаат граѓаните преку државниот буџет.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека чесните обвинители ќе продолжат да го носат товарот на недовербата во правосудниот систем.

На крајот, партијата го повикува Ислам Абази да поднесе оставка, со цел, како што наведуваат, да се ослободи системот од кадри кои наместо правда носат неправда и дополнително го разградуваат правосудниот систем.

Најново од: На прво место

Злосторства на грчките реакционери врз македонското население во Егејска Македонија

„Борба“ во 1945 година: Југословенскиот печат известува за злосторства врз Македонците во Егејска Македонија Весникот „Борба“, официјален орган на Комунистичката партија на Југославија, на 2 јули 1945 година објавува напис за насилствата што биле извршени врз македонското население во Егејска Македонија. На насловната страница на белградскиот дневен весник „Борба“, број 159 од 2 јули 1945 […]

Од Бугарите во Уставот и Македонија нема реформи до гласот на дијаспората

Со месеци тврдеа дека Македонија нема реформи и дека уставните измени се единственото решение, а по позитивните оценки од Европската Унија фокусот го префрлија на гласањето на дијаспората Во изминатите месеци претседателот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата речиси секојдневно ја сведуваа политичката дебата на две теми – внесувањето на Бугарите во Уставот […]

Ауди А6 на Мерко продадено за 22.000 евра – купувач е компанија од битолско

Луксузното службено возило, кое пред седум години беше набавено за околу 67.000 евра, е продадено на јавна аукција, а средствата ќе бидат искористени за намалување на долговите на Општина Струга. Службеното возило „Ауди А6“, кое со години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна електронска аукција за 1.350.000 денари, односно […]

Филипче и СДС ја свртеа плочата: од „нема реформи“ до напад врз дијаспората

Од Брисел пристигна директен демант на тезите на СДС – Македонија е меѓу земјите со најголем реформски напредок во Западен Балкан СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади и менување на темата. Откако со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, […]

Ако Македонија не спроведува реформи, зошто ЕУ ја наградува?

Како сега СДС ќе го објасни овој факт – ако нема реформи, зошто Македонија добива дополнителна поддршка од Европската Унија? Со години СДС ја повторува истата политичка теза — дека Македонија не спроведува реформи, дека Владата ја оддалечува државата од Европската Унија и дека земјата не ги исполнува европските обврски. Но сега доаѓа факт што […]

Парите од дијаспората им се добри, ама гласот им пречи

Кому му пречи Македонците од странство да одлучуваат за иднината на Македонија? Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител отвори едно многу важно прашање: кому, всушност, му пречи македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин? Мицкоски јавно повика да се најде модел со кој Македонците во странство полесно […]

Ацо Крстески: Добредојдовте на третото издание на „Гласот на вечноста“ во Охрид

Настанот на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид, со цел афирмација на македонската вистина, наследство и иднина. Со особена чест и радост ја споделувам најавата за третото издание на „Гласот на вечноста“, кое ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид. Охрид не е случајно […]

Наместо да се соочи со сопствената политичка криза, СДС повторно посегна по навреди, етикети и теории на заговор

На СДС очигледно му смета сè што не може да го контролира. Му смета власта кога не е негова, му смета дијаспората кога бара право на глас, му смета јавната дебата кога не е под партиска команда, а сега му смета и секој обид за разговор за обединување и преобликување на опозицискиот простор. Наместо да […]

To top