Песни за Македонија

Наташа

natasa-pesna

II- Прличева награда за поезија

Наташа

(посветена на мојата покојна внука)

Твоите коси како свила, твоите очи како
езера две, твоето лице понежно и од цвет,
а твоето тенко тело ја красеше
твојата младост
Беше ученичка вредна секогаш прва во ред
со твојата отцена пет
беше толку мила многу слатка
послатка и од мед
но твојата приказна почна додека твоите учители штрајкуваа
а ти сакаше да одиш во селото Mешишта да ги видиш твојата
бабичка стара што ја остави срцето за тебе да и се пара
и твојата братучеда мала која не знаеше да те кара
беше ден после твојот 12ти роденден кога еден човек
со камион порaди невнимание те однесе од мајчината
прегртка,од мајчината љубов и од сите нас кои не те видовме
повеќе жива
лежиш ти сега  во црната земја немаш ништо
се ти бега
и кога  
сега јас сум далеку од тебе во туѓина пуста
стојам сама и гледам низ отворениот прозорец
да те видам пак и кога тебе те нема
моите солзи течат како дожд а во моето
срце како некој да ме прободи со нож
и сега кога јас сум на два ума една несреќа
не те остави како цвет да цветаш,среќата те
служи до зори за срцето дуру си жив да ти гори
Ох! се надевав можеби пак ќе те здогледам
Ах! проклет да е кој те однесе, а твоите солзи
и твојата младост да му бидат казна и тешка пресуда

Еј! животе бегаш сега ме оставаш за
секогаш сама во мисла и тага
кога некој многу сакаш зошто мора секогаш
со смрт да плаќа.

Шифра: Наташа
Ленче Клекачкоска, Сиднеј

natasa-pesna

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top