Коментари

Се гордееме со Македонци родени во туѓина

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Сведоци сме на времето што доаѓа како се` повеќе и повеќе се гордееме со Македонци родени во туѓина. Еден од нив е нашиот Петар Ристевски, кој не случајно и сосема заслужено е во центарот на сите политички збиднувања и јавниот живот во Австралија.

Петар е роден во Сиднеј и потекнува од позната патриотска фамилија од Македонски Брод. Татко му Славе е еден од првите и најзаслужни градители на црквата Свети Никола во предградието Кабрамата, Сиднеј… која работеше беспрекорно додека Славе беше внатре.

peter-risteski

Петар Ристевски е високо дипломиран книговодител, со завршени факултети и дипломи, кои кога ќе ги видете на зидот кај него, ќе ви застане здивот и ќе помислите дека се од сите Универзитети од целиот свет.  Затоа многу Македонци и Австралијци уживаат во довербата на Петар и добриот износ вратен од даночните пари во рацете на сопствениците е гаранција за неговите вредности. 

Со политика Петар се занимава уште како тинејџер и има преголемо искуство во Либералната Партија на Австралија. Секогаш и секаде по потреба, тој е истурен играч каде делува победнички таму кај што е најтешко и најпотребно. Додека Либералната Партија беше во вечна опозиција во Општината Ливерпул во Сиднеј, настапува Петар каде со својот тим и помогнат од Македонците, успева да го превземе неосвоениот бастион од Работничката Партија после 30 години. Иако е презафатен со неговата професионална работа, сепак наоѓа време и да оди на сите состаноци во Општината Ливерпул и пред 2 недели да биде назначен за Заменик – Градоначалник, каде функциите ротираат и следниот круг ќе стане Градоначалник. 

Во оваа општина живеат преку 147 националности, каде место најдоа раселени лица од бившите Југословенски простори и се меѓу најбројните. Предизвик е да имаш време за сите нации да ги сослушаш и да пробаш да им помогнеш, но Петар знае да одвои време и за нив, така да неговото работно време е од утро до полноќ, просто кажано. 

Но тоа не е се`… Петар има време и за секој настан во Македонската Амбасада, да помогне се` што може и има основано Стопанска Комора, така да Македонците мора да го искористат овој проект на најдобар можен начин за македонската економија. Петар наскоро, за некоја недела ќе дојде во Македонија и еве шанса и со посредство на „Македонска нација“ и Мане, причина за едно другарување и да се засучат ракавите за една најголема цел – да се помага на најдобар начин на македонската економија преку оваа комора. 

За крај, да кажеме дека Петар Ристевски е член на Масонската ложа, па така да ете и Масоните од Македонија и пошироко од регионот, од Европа нека имаат уште поголема причина да се сретнат и најдат и тие во целата оваа сага. Тоа го посакува Петар, тоа го посакуваат и Македонците.

peter-risteski-2

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top