Коментари

Реисот тврди дека Македонците муслимани се измислена нација!?


Свекрва

Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци Муслимани, Православни и Католици, така постојат и Македонци Муслимани, Православни, Католици, Евреи, Протестанти и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Затоа е потребно Реисот да им се извини на граѓаните…

Во својата колумна објавена во албанските и македонските медиуми, Реисот Сулејман Реџепи тврди дека Македонците муслимани се измислена нација од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, „структури на актуелната власт сега се во функција на создавање на заедницата „македонски муслимани“ како составен дел на нацијата на „античките“! Како што вели поглаварот на ИВЗ: „На крај, ќе проговори науката и несомнено дека овие „Антички Македонци“ ќе ги изнесе како племе на илирите, на албанските претходници. За жал, „Славомакедонците“ ќе останат национално малцинство“!

Колумната „Ин витро нација“ на верскиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), несомнено претставува голема навреда за Македонските муслимани и воопшто за македонскиот народ. Таа предизвика лавини реакции во македонската јавност, при што речиси незабележително ќе помине формирањето на новиот политички субјект кај Албанците во Македонија наречен „Беса“, кој промовира нова иницијатива. Како што велат од иницијативниот Совет, по евидентирањето како политички ентитет, тие ќе учествуваат на сите избори и ќе се залагаат Македонија да биде еднаква за сите граѓани без разлика на националноста, етичката припадност или религијата.

Но, наместо да биде гласник на обединувањето, помирувањето и љубовта, поглаварот на Исламската верска заедница излегува со колумна во јавноста, каде како загрижен политичар за својата кауза предупредува: „Имајте страв од Алах, во чие име вие ги барате заемните права и чувајте ги роднинските врски. Зашто навистина, Алах е постојано Надгледувач над вас…“

Според него, „освен јазикот, кој може да е последица на асимилирачките притисоци, што заедничко би можело да имаат припадниците на торбешката заедница со „славомакедонците“ или со „Античките Македонци“?! Многу малку се на број, дури може да се избројат на прсти, тие вистински торбеши кои би прифатиле да се нарекуваат Македонци, толку колку што би можело да се најде некој Албанец да се нарекува Арап поради муслиманизмот…“

Меѓутоа, поглаварот на ИВЗ набргу сам се негира во својата колумна кога вели: „Подобро би било проблемот да се раздроби додека е се` уште во фаза на коренско влакно“. Тоа укажува дека тој многу добро знае дека во Македонија живеат повеќе од 100.000 Македонци муслимани, кои се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ. Тие имаат исто етничко потекло, ист јазик, иста култура, исти традиции и обичаи, живеат на иста територија, имаат заедничка историја, сегашност и иднина!

Токму таа иднина на македонскиот народ го плаши верскиот поглавар на ИВЗ и неговите ментори. Изминуваат веќе времињата кога Македонските муслимани беа маргинализирани и запоставени од институциите на власта, политичките партии и граѓанските здруженија на мнозинското православно македонско население, што овозможуваше нивна тивка, често пати и агресивна асимилација врз верска основа, а чиј носител беше токму ИВЗ.

Денес Македонските муслимани кои се активни чинители во македонската политика, како на централно така и на локално ниво, без разлика на религиската припадност, се имуни на верската и политичка пропаганда за нивно однародување. Ваквата состојба, како и неодамнешната одлука на Синодот на МПЦ – ОА за воведување на албански јазик во нејзините храмови, ќе го предизвика поглаварот на ИВЗ за суров напад врз македонскиот народ и сатанизирање на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, што не доликува на еден верски водач.

Реисот Сулејман Реџепи со својата колумна за жал покажа дека нему верата ништо не му значи, но дека му се значајни партиските и политичките агенди. Исто така, во својата колумна покажа висока доза на етнички национализам, а тоа се лоши пораки кои не носат добро. Нему не му е првпат да употребува ваков фашизоиден речник, што пак го доведува во прашање неговото место на чело на ИВЗ. Меѓутоа, со оваа навреда врз Македонските муслимани кои се неделив дел од македонскиот народ, тој директно удри и врз македонскиот идентитет. Затоа се наметнува прашањето, чија агенда спроведува поглаварот на ИВЗ и кој е востинскиот ментор.

Сето тоа не` навраќа во 2012 година, на иницијативата на тогашниот лидер на ПЕИ, кој бараше создавање на нова етничка заедница торбеши. Тој се обиде преку создавање на посебен ентитет, да ги мобилизира Македонците муслимани и да го приклучи нивното гласачко тело кон опозицијата. Како и тогаш, така и сега и во овој случај се насетува непосредна спрега со Грција и радикалниот ислам

Меѓутоа, ниту тогаш, ниту пак сега, навредите, притисоците и заканите не можат да го сменат вековното чувство на Македонците муслимани за нивната припадност кон македонскиот народ, без разлика на верската определеност.

Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци Муслимани, Православни и Католици, така постојат и Македонци Муслимани, Православни, Католици, Евреи, Протестанти и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Затоа е потребно Реисот да им се извини на граѓаните…

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top