Култура и туризам

Пијанец од праисторијата па до денес

pijanec1

pijanec1

За првпат археолошко-етнолошката збирка е отворена на 19.11.2001 година како тематска изложба- „Пијанец од праисторијата па до денес“.

Археолошкиот дел од музејот содржи предмети од неолоитот (5.000 год. п.н.е) па се` до доцниот среден век

(14 век од н.е). Вклучува предмети изработени од керамика, камен, метал и стакло. Предметите се од различи типови и се со различна намена. Има предмети за секојдневна употреба (садови, алати и орудија), предмети со религиозно-обредна функција, украсни предмети и педмети за стоковно-парична размена.

pijanec2

Вкупниот број на предмети е 158. Предметите во етнолошата збирка потекнуваат од периферијата на Р.Македонија, поточно од Пијанечкиот крај, но одредени предмети потекнуваат и од други делови на Балканот кои се донесени по пат на трговска размена. Вкупен број на предмети 135.

Предметите во збирката се набавени по пат на откуп и по пат на размена. Збирката на етнолошки предмети кои биле во секојдневна употреба во домашниот живот.

pijanec3

Самата збирка е со мешовит карактер, која во себе содржи предмети изработени од текстил, дрво, метал и керамика. Поголемиот број на предмети се рачно изработени во домашни работилници, што претставува сведоштво на технолошкиот развој и уметничкото творештво на луѓето кои твореле и живееле на овој крај. Одлуката за отворање на локален музеј на град Делчево е донесена на седница на советот на Општина Делчево на ден 08.10.2007 година.

После тоа испратено е барање до министерството за култура за основање на музеј. Музејот е регистриран како историски и природно-научен. Во иднина се планира да голем дел од палентолошките истражувања (скелет од жирафа) да станат дел од локалниот музеј.

pijanec4

pijanec6

pijanec7

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top