Коментари

Македонците го губат приматот во областите под власт на Селевкидите

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Околностите во македонски држави, кои се формирале по смртта на Александар Македонски, биле различни што зависело од географските и етничките фактори, од различните пристапи како да се води државата, од релативната важност на македонскиот елемент во населението и степенот на македонизација кој е постигнат. Оттука на секоја дражава треба да и` се пристапи поединечно, почнувајќи со земјите на Селевк во Азија.

Селевкидските македонски кралеви имале големи имоти кои ги обработувале кметови и им посветувале големо внимание на управувањето со тие добра на сите страни. Сепак тие многу не настојувале да го централизираат управувањето со своите бројни и различни поданици и не им наметнувале големи даноци. Но, на така голема држава со различно етничко население не можело да се применуваат исти методи, а доприносите од даноците биле доволно големи, така да немало потреба дополнително да му го отежнуваат животот на населението. Штитејќи ги своите интереси, тие не воделе сметка за Македонците, туку овозможиле, многубројните грчки доселеници кои се занимавале со трговија да ја наметнат својата култура. Така Македонците го губат приматот во областите под власт на Селевкидите.

Самостојниот основач на таа владеачка куќа бил Селевк, човек кој не ја прекинал замислата на Александар за мешање на Македонците и Грците со домашното население. Тој не го следелел примерот на другите војсководци, кои веднаш по смртта на Александар ги поништиле своите бракови. Тој си останал во брак со Сиријката Апамом. Покрај тоа неговите наследници ја продолжиле неговата политика на основање на мешани македонско-грчки градови со изразито демократско уредување. Тој сам основал барем 59 градови. Но, многу малку е направено тие градови да се здружат во една целина со етнички мешаните домашни градови (Евреи, Персијанци, Мизијци, Галатјани и Кардушани), со кои владееле олигархии, а кои го осиромашиле населението и кое ја губело законски добиената слобода. Всушност новите градови беа заслужни за подигање на општото ниво на културата.

На бреговите на Мала Азија, на исток се` до Понт и Киликија, од порано постоеле грчки населби уште пред Александар Македонски, и од нив грчкиот јазик се проширил се` до Милас, Пергам, Трал и Сард. За време на Александровите наследници биле изградени нови градови: Антигонеја (подоцна Никеја), Докимиј и Синад. После тоа Селевкидите го обновија Келена под името Апамеја и ги изградија населбите: Лаодикеја на реката Лик, Темизон, Антиохија на реката Меандар, Селеукија и Антиохија на граница на Фригија и Писидија, и уште некои други. Во меѓувреме Сипилид основал колонии на ислужени војници: Пелт, Тијатер, Накрас, Блаунд и Магнезија, а Лизимах ја изградил Лизимахија на Херсонскиот полуостров. 

Во третиот век пред нашата ера можеме да наброиме најмалку 50 македонско-грчки населби во Мала Азија. Голем дел од нив биле подигнати во ридовите непосредно до брегот. Важноста на овие градови за ширење на македонската мисла, култура, вера и трговија е очигледна. Но, со оглед на побројните грчки колонисти во чии раце се наоѓа трговијата, за разлика од ислужените македонски војници, наместо македонска ера се случува хеленистичка експанзија.

Во Сирија хеленизмот напредувал многу различито. На север се ширел многу брзо, бидејќи таму била Селевкидската престолнина. На југ, каде скоро еден век поголемиот дел бил под власта на Птоломеј, хеленизацијата била релативно спора. Во северниот дел на Сирија старите грчки населби дибиле културна важност, иако се формираа колонии во кои се населуваа ислужените македонски војници и грчки доселеници уште во времето на првите Александрови наследници. Тогаш се формирани Антагонеја, Апамеја на реката Оронт (која во почетокот се нарекувала Пела) и Александрија на Ис. Но, со тек на време македонските династии ќе дозволат сите места да се грциизираат. Така под власта на Селевк целото подрачје стана всушност грчка земја и домашните имиња на населбите биле заменети со грчки имиња.

Во тоа време е основана престолнината Антиохија со своето пристаниште Селевкија, а потоа се основани Лаодикеја, Селевкија, Апамеја, Еуроп и Амфипол на Еуфрат, Кир, Береја и Халкидика, Аретуза, Маронеја, Лариса, Леука и други градови. Тоа било земја која природата ја обдарила со секакви богатства, а владарите настојувале да го зголемат производството на жито, масло и вино, да се развие овоштарството, да се изградат патишта за унапредување на трговијата. Верата и уметноста на северна Сирија, а уште повеќе и нејзината книжевност покажува импресивна мешавина на култури. Антиохискиот двор повикал цела низа на научници и филозофи од тогашниот познат свет. А членовите на кралската куќа како на пример Стратоника, ќерка на Антиох Сотер, била покровител на уметноста, а Антиохија со својата богата библиотека, станала необично важно средиште на цивилизацијата во која дошло до израз се` што е значајно за тоа време: материјалистичките, скептичните и космополитски погледи. Покрај тоа постоела голема наклоност кон раскажувањата и фантастичните приказни. Како културно средиште Антиохија се споредува со Александрија. Туку, многу години подоцна дошол и апостол Павле за да го направи Христовото учење достапно за населението.

Хеленизацијата на јужна Сирија, иако длабоко не се вкоренила, била присутна. Грчкото влијание се чуствувало и пред Александровото време. Александровите наследници тука основале едно македонско-грчко дванаестоградие, чии најпознати градови биле Гадара, Дион и Пела (Бероника). После опсадата на Тир, Александар повторно го населил градот, а тој испратил населеници и во Газа. Селевкидите ја колонизирале Самарија, а македонската династија Птоломеите во текот на своето владеење на јужна Сирија ги основале Филаделфија, Филатерија, Арсиноја и Береника, донекаде употребувајќи посебни управни методи со кои се служеле во Египет. Во долината на Јордан постоело и грчко дванаестоградие во времето на Помпеј, а на морскиот брег бил Триполис. Меѓутоа, политичкото непријателство, посебноста на семитска култура, особено на еврејската, како и македонските колонисти и Птоломеовите методи ја попречуваат грчката колонизација и развојот на хеленизацијата на овој простор.

Во Месопотамија, Вавилов и Сузијана, каде што постоела развиена цивилизација повеќе илијади години пред тоа и каде имаше голема населеност, природно е дека немаше простор за населби и за успех на хеленизацијата. Сепак, по Александрија, која на устието на Тигар ја изгради Александар Македонски и после македонската населба Кара (Харан, Harran), основана 312, следеа низа селевкидски градови. Селевкија на Тигрис била нивна нова престолнина, а освен неа биле основани и Антемузија, Арапска Антиохија, Антиохија во Мигдонија, Аполонија источно од Тигар, Едеса во Ихну, како и веќе спомнатите градови на Еуфрат.

Во тие земји, како и во сите предели на селевкидското царство (па и во најисточните) се дозволувало на грчките доселеници да се населуваат и надвор од редовните полиси. Тие доселеници често патувале, тргувале и стекнувале земја во организирани групи, што значително влијаело на ширењето на грчката културата, како и на економскиот и духовен развој. Сето тоа пак го потиснувало македонскиот елемент кој останал да живее на тие простори по распадот на Александровото царство.

Дури и од другата страна на реката Хидасп, во најисточните краеви кои ги освоил, Александар основал неколку станици на караванските патишта и неколку погранични посади, на пример пет градови кои носеле негово име (во Маргијана, Согдијана, Арија, Бактрија и Арахозија). Селевкидите основаа или обновија уште неколку: Еуроп (Рагу) и Екбатана во Медија, Антиохија во Персида, Ахаја, Харида, Калиопи, Хекатомпил и Сотерија во Партија, Антиохија во Маргијана и други. Сепак, најдалечните краеви, биле отргнати од селевкидскиот посед, меѓутоа процесот на хеленизација оставил и во нив свое обележје, освен во исклучиво чистите и изолирани македонски населби каде и до денес можат да се најдат траги (Хунзи, Калаши).

(извор: Л. Парети „Стар Свет“, том II, кнг.II, Загреб, 1967, стр: 184 – 188)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top