Коментари

СДСМ го достигна дното

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Генралната проба за насилно рушење на Владата заговарано од опозицијата започна. На првиот ден на протестите пред Владата на Македонија, насилните демонстранти организирани од СДСМ повредија 38 полицајци, од кои шест потешко. На вториот ден на протестите повторно насилство во кое е повредена новинарка и фотограф на една новинска агенција. Меѓу протестантите се појавија и челниците на СДСМ, освен нивниот лидер.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по објавувањето на серија креирани прислушкувани материјали кои имаа за цел да го збунат населението и да предизвикаат недоверба кон институциите на системот и челните луѓе на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, започна со пробите на сценариото за насилно рушење на демократски избраната власт. Таа би требало да кулминира со главниот митинг на опозицијата, по сценарио слично на српското и украинското.

Долготрајната негативната деструктивна кампања на опозицијата резултираше со насилство врз полицијата, со повредени полицајци, со уништен општествен имот. Демонстрантите предводени од челниците на СДСМ на протестите го симнаа македонското знаме, ја нападна македонската полиција, повредија македонски полицајци, го закрвија македонскиот народ и ја понижија сопствената држава.

Очигледно е дека интелектуалниот кадар на СДСМ нема визија, нема цел, нема проекти кои можат да ја влечат македонската композиција и да го привлечат народот. Исто така, тие не сакаат судска завршница на случајот со прислушкување. Оттука тие ја забрзаа единствената опција, а тоа е дестабилизацијата на земјата, за потоа да дојде до формирање на преодна влада преку која би влегле во власта. Меѓутоа, така не се сака сопствена земја, така само се прави штета на државата. Со ваквите потези СДСМ го достигна дното на политичкото делување.

Пред извесно време тој за локална охридска телевизија ќе изјави дека „пред некои 20 години работел по полето и дека најверојатно Господ го црпна од таму од нивите и го донел овде, за така низ вода да го пушти“. Но, ако тој е пуштен низ вода, кој му дава право низ вода да ја пушти целата држава и македонскиот народ?

Зоран Заев како лидер на најголемата опозиска партија покажува непостојаност и слабост. Наместо да оди со позитивна кампања и помогне во развојот на македонската економија, а со тоа да го привлече народот, тој работи на негативна кампања која и` нанесува огромни повеќекратни штети на земјата.

Со своите постапки, Заев го закрвува народот, ја дестабилизира земјата, а кој е тој бизнисмен кој би сакал да инвестира во кризно подрачје? Кој е тој бизнисмен кој ќе склучи договори со македонски фирми ако знае дека поради кризата може да биде доведено во прашање исполнување на договорените обврски. Нема инвестиции, нема работа, нема вработување, а со тоа следат и откази. Тоа што го прави лидерот на опозицијата Зоран Заев, тоа не е љубов кон македонскиот народ и Македонија.

Од друга страна, според Светска банка, Извештајот на Дуинг бизнис, Македонија е лидер во регионот и Југоисточна Европа во делот на правење бизниси. Во 2015 година се предвидува дека Македонија ќе има раст на БДП за 3,8 проценти, односно 3,9 проценти идната година, прва во Европа според аналитичарите на ЕК. Ваквите очекувања доаѓаат врз основа на бизнис климата која во последните години науморно ја креира владата на премиерот Никола Груевски, кој за цело време води позитивна кампања. Сосема е во право кога премиерот вели дека така се сака сопствената земја.

Во светот Македонија е на триесетото место од вкупно 189 економии, а во Европа сме подобри од 16 земји  членки на ЕУ. Добрите оценки за нашата економија и за условите за водење бизнис во изминатиот период стигнаа од сите меѓународно релевантни институции. Секое уништување на овој макотрпно стекнат имиџ ќе оди на душа на СДСМ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top