Коментари

За државата говори – за партијата мисли – за себе прави

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Дека не држи магарето да го критикува зајакот за големината на ушите е поентата на народната која како лика ем прилика ни ја отсликува и муабетов што следи подолу.

Имено со кој образ, па и право ако сакате, тазе олигархот ем неговата висока мода заменичка се топорат по пресови и пукаат од сите оружја за некакви криминали и злоупотреби?

Ама, чекајте! Ако некој треба да ја затне муцката и да се претвори во мумија (но не на маскембалот туку во животот) тоа е токму од Муртино канибалот. Ако и трунка намус има оваа подбишега од политичар само за судскиот процес, односно аболицијата за „Глобал“ и сумата од неверојатни 7-8 милиони (евра не денари) жив в земи треба да пропадни. Тој – ѓон, топук, небаре за него не се однесува – ич не му чуе. Или пак големото добро утро компањонка, кир(иј)а Радмила, која „Луј Вито“за купи-ден-помини го има и како на модни писти се шета по тоа телевизиите игнорирајќи ги фактите за кириите, а соли етики и сее критики за злоупотреби.

Едноставно да не знае човек дали да ги покудува што во очи ги гедаат и лажат „другарите“ со средната класа прикаските или да ги критикува што не ги вадат од уста, а ваму патолошко дигаат пара – тарапаана. Или, пак, на ниво на национални интереси. Се испотепаа со нивните постари да се прикажат за државотворци, а име, знаме, устав, територија… абе уште петокраките што не си ги испродадоа (иако и ними ги офарбаа). И пак кичма ќе виткале и пак име менувале. Ама знаете зошто? Не, не за нивни хациенди и луксузи, туку за наше (и ваше!) – народно добро. Ете. Видиш? А ние не сме занеле!

Значи кое безобразие човече од наследниците на црвените лопингери кои барем пред јавноста излегуваа во скромни одела, но овие бе брате и валкан капитализам критикуваат и чиста буржоазија практикуваат. А, и ова! Ачик со наши очи видовме и асли од нивна уста чувме дека кога ќе дојделе на власт… од чистачка до директор се` ќе било партиско. Арно ама другата снимка пак, таа со Виц’то, кажува и нешто друго: партијата-партија ама парата за братот.

Посебна тема, башка муабет е и тоа што чекајќи на бравот сами да му паднат не најдоа за згодно да седнат и една пуста програма да напишат. Демек, кај и да е на народот ќе му збоктиса и сам промени ќе посака. И да, можеби е и така ама нека бидат спокојни – ними не сака ни да ги смисли, а камо ли одново на власт да ги донеси. Таа е суштинската суштина која ги чини опозиција цела една деценија со извесна иднина – на повидок ништо поарно не се наѕира.

Срцки, тие! Па какво поарно кога вадат зрцки да се служат со трикови и измами место со проекти и програми. Еве, прошверцуваа и детонираа и десетици „бомби“ арно ама од толку народ што не ги мириса рејтингот не им се ни помрдна. А пак сега, откога сите позначајни економисти (Јовановски, Ивановски, Узунов) им ја треснаа вратата ќе плаќале италијанска агенција програма да им правела. Ако, нека, само (пред)весниците околу веќе обзнанија: од мафија за мафија, со кој си таков си.

Мајтап? Нее! Та овие се другарки и другари и „испоцркаа“ за средната класа. Тие на селаните (уште повеќе, каде-каде!) ќе им ги зголемат субвенциите, на службениците платите, на пензионерите пензиите… Абе на се живо, жими покојната ми мајка, а не како овој режимот што гради слободни зони, (авто)патишта, спортски сали, училишта, клинички центри и слични глупости. Не-не, не се секирајте тие за пола година ќе ја „суредат“ државата и ќе ја внесат во Европа откога ќе ја турнат сукњата и свиткаат кичмата. Еех, се арно само уште да имаше пустото кој да им поверува или, ако не, барем да ги пораздрма и разбуди.

Но, патем речено, по кој пат, ви се молам, ќе се обидуваат да се прикажуваат за душегрижници (а ваму делуваат како душовадници) кога и дечињата и врапчињата научија дека лагата и кражбата им се генетика. Тоа е, кога ќе сумираме и резимираме фијаско десетката не им бега, сега и забиберена со „дупла“ оставка. Ете таа вистина и разбивање на илузиите ја прави уште поголема маката ем прпата од судница столицата.

П.С. Ако некој се осети навреден или погоден од написов ич нека не се залажува и на суд нека не помислува. И јас го признавам единствено судот на партијата и ја почитувам само на претседателот аболицијата. Како Јоже, како Зоки…

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top