Коментари

Однесено со виорот и преживеано одамна

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Дали да плаче човек или да се смее од Нестор Огинар, одлучете сами. Како се дојде до овој степен на тресење зелени а воедно да се занесува дека е патриот, паметен и секако голем фактор, не е тешко да се погоди. Сорос вакви ги вади за 100 евра секојдневно. 

Нестор почна да работи во интерес на Сорос, Америка и на СДСМ?

Му имаат дадено да чита пишувани однапред глупости и лаги од мецената Сорос?. Најсмешно е кога Нестор сака да не убеди дека е до Господ близу, кога со Американскиот акцент, кој патем е како да јадеш ораси и имаш настинка на носот… некако трагикомично ја завршува реченицата со Македонски зборови.

Како е можно Нестор како ” голем патриот ” да не забележи и даде критика на Опозицијата која нема идеја, план и визија за иднината на земјата, самите себе или најблискиот парк ? Да ги запрашаше еднаш барем што изградиле или дали имаат намера да изградат нешто освен да рушат ? Но тоа и така и така што тој се занесува и треска глупости против Владата. Ама што има ” следбеници ” кои му вреуваат и го цитираат… е тоа е капак на се. Верувам дека ако основам Партија во кое ќе докажам дека магарето лета и како такво да е симбол на цела планета, најмалку 1000 Македонци ќе ме поткрепат, истите оние што го потркепуваат и Нестор. 

Доколку сака Нестор да просперира со на Сорос финтите, може да дојде во Сиднеј и еден распоп со тапија ќе го научи како да успее.

Овој распопот, кој е докажан љубовџија, со хипноза одеше кај жените на нашите Македонци, ќе ги искористеше, а нивните мажи до денес го обожаваат како поп на милениумот. Тој работеше за Грчкото лоби и направи сарма низ цел Рокдаил, па сега има уште будали што копнеат по него.

Така и Нестор треба да учи многу и да користи нови или најсовремени трикови и идеи. Овие старите… ги знаеме.

Една е Македонија и таквите како него немале, немаат ниту ќе имаат иднина. Однесено со виорот и преживеано одамна.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top