Коментари

Договорна држава

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Иако по природата на нештата, а според желбите на граѓаните, ние треба да говориме и се бориме за демократска држава, во суштина се соочуваме со врамена или рамковна, вазалска или договорна, нешто помалку (или пак повеќе?) од протекторат. Капацитетите се пресликуваат во резултатите а тие велат: чаре дае компромис да се изнајде без потпис и печат на едикојси од надвор. Кавги до бол и бес и инает до вреќа сол сѐ и само да не се излезе попаметен иако, нели, според народната попаметниот попушта. Токму со силата на инаетот а со слабоста на разумот, сакале или не но полека но сигурно со посредство (диктат) на т.н. меѓународна заедница место одговорна (о)стануваме договорна држава.

Искрен да бидам мнението ми е дека за ваквата состојба причини има колку ти душа сака но во оваа пригода би сакал да укажам и се осврнам на една, според мене најбитна.

Имено, не е ова топла вода или наука туку фактите се неумоливи и непобитни а тие велат вака: во самостојна и плурална Македонија  власт беа и „орото“ го водеа двете најголеми партии, од лево СДСМ а од десно ВМРО-ДПМНЕ. Да де, придружувани од разно-разни сателити но, фигуративно кажано, тие колеа тие бесеа. Се друго беа пердуви и декор или и помалку од тоа. Е сега, една вистина и загатка сепак поминува скоро незапазено или на неа не е доволно време посветено а носи тектонски последици по државта, нејзиното секојдневно битисување, развој но и голиот опстанок што е најстрашно. Конкретно, кога е ВМРО на власт а СДСМ во опозиција неминовна дешавка е криза. Помала или поголема, политичка или воена… арно ама државата такаречи се гуши и диши на шкрги.

За ваквите последици има две можни причини: или ВМРО е неспособна или СДСМ претерува (кожа не ја држи во опозиција).

Прво, ако ВМРО е неспособна да владее, што не е неможно, тогаш не е можно и народот редум да греши девет пати. Тоа никако! Ти него, мнозинството де, можеш да го прелажеш еднаш, двапати и еве, прекусила трипати. Арно ама деветпати со ред да добиваш избори или треба да си Никола Груевски или да откарши имаш редум родени лузери. Да ги бараш да ги нема, компујтер да ги пиши некој ќе погреши!

Сакал-нејќел човек ќе се запраша: добога, каква е оваа ситуација? Губитници во серија и пак место програма и проекти се фрлаат и надеваат на тајни уцени и нелегални и селективни снимки. Или пак протестираат, маршираат, блокираат… се перчат по пресови, кумуваат, мудруваат… надвор кукаат, плукаат, кодошат… арно ама никако да застанат и во огледало да се погледнат. И, внимавајте, оти тука лежи одговорот на прашањето над сите прашања (и од погоре): како немири и на година-две избори само и угу кога е ВМРО позиција а СДСМ опозиција?

Така, со продуцирање проблеми а сетне канење арбитри и… доаѓаме до договорната држава! Охридската, таа од Пржино или оваа (со) „специјалнава“, сеедно.

Формулата е таа: изгуби на избори и почни со дворски игри, интриги и заврзлами за на крајот тоа што се губи зад параванот да се бара на зелена маса. Меѓународно замешателство! Подобро (поними) отколку ништо, оти не беше партија родена за да владеат тие пусти вмровци. Тоа, владеењето де, им припаѓа по генетика, од (пра)дедовци преку татковци до (пра)внуци. Династија на другарски начин а со мангупски зачин. Или тие или никој, макар и со бојкоти и уцени, дури и парцијално… министерче-две, по некој заменик… толку-толку… оти, нели, тие се државотворци. Безними потоп. Соними (к)рај. Стечаи и технолошки сурии, пирамиди ко печурки, од секое семејство вработени, автопат преку Бабуна, пруга до Бугарија… права рајска градина.

Најнакрај збор-два и за направијата на деценијата: специјален обвинител. Намерно не спомнувам име, тоа не ме засега туку институцијата. Ќе вроди ли плодови овој тазе проект/експеримент (и предлог?) на меѓународната и ќе биде ли иљач за хроничната болест на опозицијата? Се молам да е така но им се крстам на умот. Кој? Заев и Шеќеринска бараат истрага? Мх, да – за криминал, корупција, злоупотреба и, што е најмизерно, се надеваат на таа карта да го придобијат електоратот и од „Илинденска“ клучот. Ништо посебно не би коментирал само една наменска би цитирал: кој е улав нека верува!

Прво и основно, од каде гаранција дека снимките ќе бидат неселектирани и сите предадени (кој знае колку се штом се нелегални) и второ, што е најиронично, ако некаде има чист криминал тоа е 200.000 пати кажано и видено – кај батето на Вицто и заменичката со глава боли киријата. И сега они нашле да паламудат, кудат и за проневери судат. Очај, сламка или изгубен компас и ориентација на пална боранија опозиција ќе пресуди времето – непогрешливиот судија.

П.С. За нас, така испаѓа, не мора скарај па владеј – ние и онака сами си се караме!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top