Коментари

Почитуван Амбасадор на Америка Г- не Бејли

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Помнам као дете, кога почнав да учам музика, па се до моите студентски години како Америка беше мојот сон, идеал и спас. Сето ова резултираше на мое имигрирање во Австралија, мислејќе дека последната етапа ќе ми биде Америка. 

Имав можност преку учењето Англиски јазик да барам извори и учам за Америка и да ја споредувам, воедно и да ја величам.

Но… 

Како поминуваше време станував се поразочаран, гледајќи го здравството и надоместокот на невработените како голем фактор на понижување во земјата која може да понуди повеќе од било која друга земја. 

Но уште повеќе се разочарав кога открив дека стотици поединци преку триест секти како управуваат во сенка, со целиот свет и тоа преку Америка. Жално е една таква земја да премине во раце на најтешки мегаломани кои да им ги дадеш сите ѕвезди и планети на цела Галаксија, па пак нема да се наситат. 

Но најболното е што од 2001 ни наметнавте војна со вашите миленици Албанци и од тогаш гледам дека не сте пријатели на Македонија. 

Во последно време сакате да форсирате една партија како СДСМ, која освен криминал и носење мизерија и несреќа на својот народ, не знае ништо друго. Миленик ви е Заев, кој се докажа како голем криминалец, лажго и брука светска и комунист по убедување.

Иако сте свесни и вие, како и ние, а богами и секој дека овој комунист со тапија, е изрод што еднаш мајка раѓа во 1000 години…

дали ова го правите намерно?

или пак сте и вие толку занесени во комунизмот?

Или ви требааат советници за да ви ја кажат вистината ? 

Затоа апелирам до Вас и Вашата ценета земја,сонот на многу Македонци во минатото, па и денес, Ве молам за последен пат… да ја оставите Македонија на мир. Ако не можете или несакате да и помогнете, немојте да и одмагате или да ја закопувате.

Ние сме слободни само во еден дел, само поради вашата омраза кон Србија, платена од Албанците. Никогаш како пријатели не сте пробале да ја исправите неправдата што сме разделени уште и кај други три држави. А знаете многу добро што мислам. Единствена светла точка ви беше Џорџ Буш Јуниор. 

Господ нека е со Вас, затоа што Русија се крена и станува лидер. Да Русија, земјата на која нашите Кирил и Методи преку Св Климентовата школа им дадоа писменост и вера на народот кој што живееше таму. Дали знаете кој народ? На Александар Македонски.

Да, точно е. Александар ги испраќаше во Сибирија, Русија и Украина тогашните затвореници наместо во затвор, како што Англичаните ги испраќаа своите затвореници во Австралија, Америка и ете владеат се уште. 

Сонот мој за Америка се уништи, но да се надеваме дека јас грешам.

Дај Боже да грешам, ве молам корегирајте ме секогаш и во секое време.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top