Коментари

Семинар за македонското прашање

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Илинденското востание во 1903 година и положбата која по него настанала во Македонија ќе ги предизвика на реакција гоемите сили. Австро-Унгарија и Русија како најзаинтересирани за балканските земји, тргнувајќи од сопствените интереси да се запази целоста на Османската империја, уште додека траеле востаничките акции пристапиле кон договарање за превземање иницијативи за подобрување на положбата во Македонија. Како резултат од овие преговори на почетокот на 2 октомври 1903 година ќе бидат изработени познатите Мирцштегски реформи.

Убедени во полезноста на изработената во Мирцштег и објавена програма за реформи во Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот вилает (Македонија и Стара Србија), Владата на Н.Ц.В. бугарскиот кнез Фердинанд I и Владата на Н.В. српскиот крал Петар I, раководени од принципот „Балканот на балканските народи“ и воодушевени од желбата да им создадат мир и сигурност на своите народи, како и да се сочува територијалниот статус-кво на Балканскиот Полуостров  и да им се подобри судбината на нашите сонародници во отоманската империја на 30 март 1904 година потпишуваат во белград Таен сојузен договор помеѓу Кнежеството Бугарија и Кралството Србија. Со овој договор се прецизираат сферите на влијанието на овие држави во Македонија.

Меѓутоа, акцијата на зближување и разбирање која ја започнаа прогресивните студенти на Белградскиот и Софискиот универзитет на почетокот на 1904 година, се одвива спротивно на интересите на бугарската и српската боржуазија. Македонското прашање, инаку едно од главните пречки на зближувањето, било многу правилно поставено од двете страни што се гледа од Резолуцијата донесена на нивниот заеднички состанок во Софија на 8 и 9 јануари 1904 година. Во неа студентите ќе истакнат дека „македонското прашање не е ни српско, ни бугарско, ни грчко, туку исклучиво прашање на поробеното население што ја населува таа земја и дека единствениот пат за издвојување на нивната слобода е, во смисла на автономија на Македонија, револуцијата како резултат на зрелата политичка самосвест на самите обединиети населенија“.

Ваквиот прогресивен став на српските и бугарските студенти ќе ја натера српската влада да интервенира и видни професори од Белградскиот универзитет да држат семинари со своите студенти за македонското прашање во кои ќе бидат пласирани великосрпските идеи. 

Белградска „Политика“ од 16 март 1904 година, за одржаниот „Семинар за македонското прашање“, го пишува следното:

„Четири професори на „Великата школа“ (д-р Јован Цвијиќ, Љубомир Јовановиќ, д-р Станоје Станојевиќ и д-р Александар Белиќ) држеа во четвртокот од  3 до 6 часот попладне со своите ученици заеднички семинар за македонското прашање. Бидејќи имаше голем број на ученици на „Великата школа“ и друга публика, околу 200, мораа професорите со своите ученици да одат во големата сала каде е одржан семинарот.

Откако  г. Љубомир Јовановиќ објасни дека овој заеднички семинарски час е закажан со намера професорите на своите слушатели да им дадат што повеќе објаснувања за минатото на македонското прашање и неговата денешна состојба, зеде збор професорот г. Белиќ и зборуваше за македонските дијалекти и нивниот однос према српскиот и бугарскиот јазик. Тој воглавно го кажа следното:

На крајниот југ на Македонија се уште се употребува дијалект кој се сочувал во мал број места и кој постепено исчезнува под притисок на централниот македонски говор. Тој дијалект се вика јужно-македонски; тој потекнува од старославјанскиот јазик. Старославјанскиот јазик и тој дијалект најблиску се до бугарскиот јазик, но на Балканскиот Полуостров никогаш не биле идентични со него. Средниот македонски дијалект, или централниот македонски, кој е раширен од Тетово, Скопје и Кочани до Сер, околината на Солун, Битола, Преспа, Охрид и Дебар, преставуваат силна и многувековна мешавина на српскиот говор на источна Стара Србија (Северна Македонија) и јужномакедонскиот јазик. Во него преовладувале некои црти на пред српски говори и некои кои припаѓаат повторно на јужниот македонски говор.

Сличноста на овие дијалекти со бугарскиот јазик во извесен правец е иста таква како и во некои чисто српски говори во северна Македонија и во јужна и источна Србија, е случајна. Губењето на падежите, развивањето на членот и образување на некои други црти е резултат на непосреден контакт на славјанските јазици јужно и источно од линијата. Шар Планина, Карадаг, Јужна Морава и донекаде Голема Морава со неславјански јазици: грчки, романски и албански во кои тие црти исто така се наоѓаат и кои ги дале споменатите славјански јазици. Ако некој славјански јазик бил можеби и посредник при давање на тие црти на другиот славјански јазик, тоа не значи, дека по своето потекло се негови, и дека за тој друг јазик дијалектот е негов. Кога се говори за сродноста на јужнославјанските народи тие воопшто не можат да се земат во предвид.

Некои ученици на повик на проф. Јовановиќ, бараа од професор Белиќ објаснувања за некои дијалектолошки прашања. Потоа некои ученици бараа да се прекине научната дебата за македонското прашање и да се расправа за сегашната политичка состојба во Македонија и господата професори да ги изнесат своите ставови за работата на српско-бугарската младина. Откако им беше одговорено дека за оваа практична страна на Македонското прашање ќе се говори подоцна и дека прво треба да се расветли македонското прашање од чисто научно гледиште, говореше проф. г. Цвијиќ за имињата на Стара Србија и Македонија.

Тој истакна дека Стара Србија опфаќа земја многу подалеку на југ отколу што се мисли и дека кај географите од 16 и 17 век името на Србија опфаќа голем комплекс на земја подалеку и од Велес. После г. Цвијиќ зборуваше г. Станојевиќ за тоа како е населена Македонија. Тој докажуваше дека Славјаните од долен Дунав ги населиле сите краеви на исток и на југ од прилика од Тимок, Сува Планина и Шар Планина, а Славјаните од денешна јужна Унгарија сите останити земји на Балканскиот Полуостров. Сите тие племиња имале заедничко име Славјани. Кога Туранските Бугари дошле на Балканскиот Полуостров тие ги завзеле земјите меѓу Искра и Црното Море и меѓу Дунав и Балкан. На таа територија настанал бугарскиот народ; сите земји над таа територија биле само под привремено државно – политичко влијание на бугарската држава; етнички и јазички тие и натаму останале Славјани. Со бугарското освојување на  Македонија  само бугарското државно име го освоил теренот, меѓутоа Македонските Славјани етнички самостојно се развивале, сосема независно од процесот на создавање на новиот бугарски народ од онаа страна на Балкан. Тие подоцна биле изложени на се посилно политичко и културно влијание на српскиот народ. На прашање на еден ученик како према оваа теорија стои Самуиловата македонска држава, г. Станојевиќ одговорил дека таа држава носела бугарско име но етнички таа не била. Господата Јовановиќ и  Станојевиќ уште еднаш им ја објасниле на учениците задачата на овој заеднички семинар, па потоа беше закажан идниот семинарски час за четврток 18 март во 3 часот попладне. Во таа прилика ќе биде рекапитулирано тоа што е зборувано на последниот час и ќе се расправа за политичката страна на македонското прашање. Семинарот ќе биде јавен и ќе се држи во салата на Великата школа.“ – пишува белградска „Политика“

Српските професори Цвијиќ, Јовановиќ, Станојевиќ и Белиќ, видливо ги потенцираат апетитите на тогашната српска боржуазија кон Македонија. Но, колку и да се застапници на великосрпските идеи, во своите контраверзни изјави, сепак ја истакнуваат посебноста на македонскиот народ и јазик. Тие само укажуваат на една вистина дека дури и кога од висините на престолот се говори за „искрена“ желба за зајакнување на врските меѓу двата „братски народа“, се додека Македонија се држи како мамка за грабливците, нема да има вистински мир и зближување на балканските народи.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top