Коментари

Македонија ја крие тајната за потеклото на човекот!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Од досегашните истражувања има сознанија дека во Македонија која е исклучително богата со палеонтолошки материјал се наоѓа тајната на настанокот на човекот и алката во ланецот на еволуцијата, која до денес не е пронајдена. Македонските палеонтолози посочуваат на масовната гробница на локалитетот Стамер, во близина на Делчево, каде се најдени праисториски животни постари од 10.000 години, кои денес се сретнуваат само во Африка.

Во јули 2007 година, во атарот на село Стамер, во непосредна близина на Делчево, пронајдена е масовна гробница на праисториски животни. На овој локалитет досега се откриени череп на жирафа во Европа. остатоци на мастодон и сабјаст тигар, како и питеринска фауна. Тука се откриени и фосилни остатоци од праисториски носорог стари од три до пет милиони години. Се верува дека тоа бил најголемиот џин од минатото, на што укажуваат фосилните остатоци. Тој бил поголем од пет метри и долг околу осум метри.

Овие фосилни остатоци се од периодот на горен миоцен, во кој се случуваат нагли климатски промени. Тогаш територијата на Македонија била покриена со големи пространи езера, а живеела фауна која е предок на денешните животни во Африка. Климатските промени кои настануваат во овој период создаваат во земјава големи тревнати површини, познати како савани. Познатиот палеонтолог Ристо Гаревски (1922 – 2012), тогаш излезе со претпоставка дека масовната гробница била резултат на голем пожар. Односно, бегајќи пред огнот, животните се повлекувале во тогашното езеро и тука изумреле.

Меѓутоа, тоа не е првата масовна гробница пронајдена во Македонија. Во 1917 година, за време на Првата светска војна, германскиот истражувач Југман во Превалец кај Велес случајно открил наоѓалиште со фосилни коски од животни од т.н. пикермиска фауна. На овај прв палеонтолошки локалитет, чија старост на фауната е одредена како долно плиоценска, откриени се многубројни родови и видови на фосилни остатоци: мајмуни, трипрсни коњи хипариони, жирафи, антилопи газели, елени, мастодони, носорози, хиени и др.   

Во Македонија, која е многу богата со археолошки локалитети, чиј број се движи меѓу 5.000 до 11.000, според сознанијата покрај Велес истражувана е и околината на Неготино, односно локалитетот во с. Долни Дисан. Со истражувањата во 1976, пронајдени се мастодонти и носорози (Гаревски, 1976; Garevski et Mladenovski, 2006). Малата колекција на фосили од овој локалитет, кој не е целосно истражен, се состои и од видови кои водат кон антилопи, газели и хипариони. Овој локалитет е исклучително значење за проучување, бидејќи споредбените податоци со наодите на локалитетот во Превалец, би можел да укаже на патот на миграција на праисториските животни кон југ.

Покрај нив и во Пелагониската равница, се откриваат фосилни остатоци. Така на пример, во 2002 година, при ископувањата во рудникот Суводол, пронајдена е долна вилица од мастодонт кој живеел пред десет милиони години. Исто така, седум години потоа, при ископувањата на јаглен пронајдени се фосилни остатоци на риба, а при сондажните истражувања кај мариовското село Витолиште и школки. Овие фосилни остатоци, стари од 2 до 5 милиони години, укажуваат дека во време на плиоценот на овој дел од Пелагонија постоело езеро.

Сепак, масовната гробница во близина на делчевското село Стамер, која случајно е откриена од рударски инженер Љубе Митевски, има големо значење за науката. Уште тогаш, сега веќе починатиот професор Р. Гаревски, врз основа на староста на животинските останки заклучи дека во оваа област може да се најде доказ за неколку фази на еволутивниот континуитет во развојот на човекот, кој одговара на тој период, а не е познат на светската наука.

Неговата претпоставка беше потврдена од палеонтолозите Денис Џерард на Националниот центар за научни истражувања во Париз и Николај Спасов, од Природно-научниот музеј при Бугарската академија на науките. Тие беа согласни дека се работи за единствена масовна гробница со фосили на големите праисториски животни, за првпат откриена во Европа.

Според македонските палеонтолози, климатските промени во текот на изминатите милениуми биле причина овие животни да се преселат на југ кон потоплите поднебја и „животните, кои сега ги среќаваме во Африка, водат потекло од нашите простори. Слична судбина доживеале и предците на човекот“, па затоа како што велат, „со право се очекува да ги најдеме и остатоците на примитивниот човек од времето на неговото одалечување од човеколикиот мајмун“.

Дека на територијата на Македонија може да се најде алката која недостасува во ланецот на човековата еволуција говори и откритието напревено кон крајот на педесетите години на минатиот век во Егејска Македонија. Во 1959 година. во пештера на плуостровот Халкидик кај селото Камени Гумна или Теклели (Петралона), 35 км. југоисточно од Солун, откриени се најстарите човечки останки во светот. Ова откритие ги руши теориите дека најстар предок на човекот е Неандерталецот, чија старост се проценува од 30.000 до 100.000 години. Според др Арис Поулианос, стручен антрополог и член на Меѓународната унија за антрополошки и етнолошки науки на УНЕСКО, черепот на „човекот од Петралона“ (Archanthropus europeaus petraloniensis) бил стар околу 700.000 години и дека е најстар човечки еуропеид некогаш откриен во Европа.  Неговите истражувања ќе покажат дека човекот пронајден на македонска територија еволуирал поинаку и дека не е потомок од Африка.

Ако се потврди дел од претпоставките на палеонтолозите, еден ден Стамер ќе биде претворен во македонски “Јура парк”, а Македонија со право ќе го носи називот „Папокот на светот“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top