Коментари

Дилеми нема – СДСМ сурово ќе биде казнет


Свекрва

Во својата заслепеност за власт СДСМ не водат сметка ниту за интересите на македонскиот народ, ниту пак дека можат земјата да ја воведат во војна во која сите ќе бидат губитници.

Социјалдемократите и нивниот албански политички партнер ПДП, уште на самиот почеток беа против создавањето на самостојна македонска држава.

Од тогаш до денес СДСМ упорно продолжува да работи против националните интереси. Поранешната црвена елита ставајќи ги личните интереси над националните, во изминатите над две децении тргуваше со името, идентитетот, знамето и територијалниот интегритет.

Во Македонија сеуште се свежи сеќавањата на односот на СДСМ на почетокот на деведесетите години на минатиот век. Тие беа против интонирањето на македонската химна, се калкулираше со референдумското прашање, а по осамостојувањето на Македонија ја прифатија референцата ФИРОМ, го сменија знамето, се откажаа од македонското малцинство во соседните земји и сл.

Сепак, директен атак врз македонскиот народ, беа калкулациите на СДСМ со албанското малцинство во земјата. Со цел да се задржат на власт, Социјалдемократите овозможија 150.000 државјанства на Албанци од Косово. Во предвечерјето на вооружениот конфликт во 2001 година, со аферата „Големото уво“, СДСМ ја парализираа работата на безбедносните служби и го овозможи Охридскиот рамковен договор и промена Уставот. Исто така, СДСМ е креатор на новата територијална организација која ја наруши етничката равнотежа во земјата.

СДСМ ја попречи и успешноста на Референдумот спроведен на 7 ноември 2004 година. Иако најголемиот дел од граѓаните се изјаснија против новата територијална поделба, рефереднумот не беше успешен бидејќи не бил исполнет законскиот процент од 51% излезеност од вкупното население. Тогаш за СДСМ некои прашања не заслужуваа одговор, па оттука Струга и Кичево станаа доминантно албански општини.

Меѓутоа, со новите граници поставени со Законот за територијалната организација, СДСМ тогаш не само што ја наруши етничката равнотежа, туку ги постави основите за поттикнување на нови конфликти меѓу Македонците и Албанците.

Четиринаесет години подоцна, СДСМ која беше девет години надвор од власта, започна слично сценарио за дестабилизација на земјата. Повторно имавме прислушавани разговори, се појави криминално-терористичка група во Танушевци и Куманово, имаше нови жртви и нови договори со помош на странците. Од сето тоа се изроди, место нов Охридски договор, Пржино и влегување на СДСМ во власта без избори. Но, со оглед дека договорите од Пржино целосно не ги задоволуваат апетитите денес, гласноговорниците на СДСМ заговорат поставување албански премиер, двојазичност на цела територија и федерализација на земјата.

Спремноста да се заговара прашања кои водат кон поделба на земјата и разнебитување на македонското национално ткиво, наведува дека социјалдемократите се обидуваат да се испазарат со албанските политички партии. Тие се спремни да понудат се, дури поделба на земјата, само да ја освојат власта на договорените предвремени избори во април. Во својата заслепеност за власт СДСМ не водат сметка ниту за интересите на македонскиот народ, ниту пак дека можат земјата да ја воведат во војна во која сите ќе бидат губитници.

Во Уставот стои дека територијата е неделива и неотуѓива, а постојните граници се неповредливи. Но, исто така точно е дека под притисок досега Уставот на Македонија има претрпено измени. Сепак, ветувањата за федерализација со можност за отцепување на дел од територијата и создавање на Голема Албанија значи војна, зошто македонскиот народ нема резерва татковина. Ова е единствениот дел од територијата на Македонија, на која Македонците успеале да создадат своја држава и нема да дозволат никаква поделба.

Ако се има во предвид дека двата народа не сакаат да војуваат, тогаш ветувањата на СДСМ се само политиканство и залажување спротивно не само на интересите на македонскиот, туку и на албанскиот народ во Македонија.

Всушност, Албанците како граѓани на Македонија ги уживаат сите права и заедно со македонскиот народ и другите етникуми слободно можат, но и се должни да учествуваат во изградбата на државата и создавање на подобра иднина за сите.

Македонскиот народ не го оспорува правото еден ден Албанец да биде поставен за премиер или претседател на државата. Тоа го покажаа и претседателските избори во 2009 година кога голем број македонски граѓани гласаа за Имер Селмани. Но, за да дојде до тоа треба пред се да ги почитуваат Уставот, законите и симболите на државата (знаме, јазик, писмо). Не може некој да ја претставува Македонија со симболи на друга држава.

Македонците и Албанците се свесни за дејствувањето на однародените елементи, за поранешната црвена елита, која нема сенс за вистинските потреби на народот. Тие се свесни за оние кои во неможност да понудат решенија за подобра иднина се обидуваат преку раздор да дојдат на влст. Но, исто така се свесни кој прв ги посети во Тетовско и понуди помош кога водената стихија однесе човечки животи и им нанесе огромни материјални штети на населението. И не само таму и не само тоа. Народот добро знае кој е заслужен за отварање на нови фабрики, нови вработувања, за градењето нови патишта, игралишта и сл.

Народот гледа и незаборава што се случува во Македонија, но и во Европа и светот. Се следи мигранстаката криза, но и настаните во Париз. Тој имаше можност да слушне за најавите од Франција дека ќе има промена на Уставот во делот за вонредни ситуации, потоа за затварање на џамии кои водат салафизам, па одземање на француско државјанство на сите осомничени за тероризам и сите имигранти, како и тоа дека сите проценети како потенцијално опасни, ќе бидат протерани веднаш. Тоа што се случи таму никој не го посакува тука во својата земја. Затоа, многу ретки се тие кои денес се спремни да ја изнесат својата кожа на пазар за да некој како СДСМ профитира.

Политиките на СДСМ одамна не поминуваат кај народ, а сега уште помалку. Раководтвото е прочитано, па сега ниту Соросовите експозитури, ниту странските амбасади можат да му помогнат на челните луѓе.

Народот пак пресуди за политиките на ВМРО ДПМНЕ, мир соживот и економски просперитет.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top