Коментари

Претсадателе д-р Ѓорге Иванов поднесете барање за војна неутралност на Република Македонија ве моли иселеништвото

janko-tomov-gjorge-ivanov

janko-tomov-gjorge-ivanov

Пишува: Јанко ТОМОВ

Еден дел на младите и неуки членови на ЦК и на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кои завзимаат важни функции во институциите на владата на Република Македонија, пред се, како и во институциите на законодавната власт и претседателството на РМ, специјално во кабинетите на Премиерот на владата и во  кабинетот на Претседателот, не ги пренесуваат важните предлози- актуелни ставови поткрепени со факти, од повеке делови на современиот живот,  специјално за одбрана на македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија. Не ги пренесуваат тие изградени  сознанија на лидерите Никола Груевски, д-р Ѓорге Иванов и на Трајко Вељановски.

Патриотската диаспора е на став, владата на РМ да ги отфрли преговорите  за името, преговорите за членство  во ЕУ, а посебно да ги отфрли преговорите за НАТО. Под хитно да бара  од ООН и Советот за безбедност ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кое предлог барање го поставив кога почнаа да се употребуваат “бомбите” на СДСМ. Потоа да се бара од ООН и гаранција за некористење на територијата на Македонија, ниту од било која  светска сила или од соседните држави на Македонија.

Во меѓувремено да се ангажира д-р Игор Јанев, Македонец, правник  од Србија, да оснива правен тим од македонски правници, за најхитно да поднесе молба до Генералното собрание на Обединетите нации, за признавање на Република Македонија, со уставното име. Ако владата на Р.Македонија не го поднесе тоа барање најхитно, тоа би било најдрагоцено да го достави претседателот д-р Ѓорге Иванов. Ако барањето до ООН и ГС не се достави до пред изборите во април 2016, тоа останува на невладините Македонски организации.

Макдонските невладини организации, треба да осниваат преставничко тело од Републиката и од диаспората-Австралија, Европа, Канада и САД, за да со свои ускладени конкретни предлози- демонстративни барања, до своите влади и преставници на парламентите, излезат пред јавноста каде живеат, со барања да се признае уставното име на Македонија и Македонија да добие статут од ОН: ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Кои Македонски организации од диаспората потребно е да се вклучат, кои треба да ја докажат својата патриотска способност и способност за Македомски човекови права!?

Од Диапората:

– Асоцијација на македонските православни општини на Австралија

– Обединета Македонска Диаспора;

– Австралијски Македонски Комитет за Човекови Права (АМКЧП);

– Интернационалниот Комитет за Македонски Човекови Права.

Од етничките делови на Македонија кои се во окупација:

– Патриотската Македонска организација на Пиринска Македонија, окупирана од Р. Бугарија: ОМО “ИЛИНДЕН”-ПИРИН;

– Патриотска Македонска организација на Егејска Македонија, окупирана од Р.Грција: “ВИНОЖИТО”;

– Патриотска Македонска организација од “Голо  Брдо” и “Мала Преспа”, окупирана ор Р.Албанија.

Сите Македонски патриотски-национални, културно-просветни организации и здруженија во оближните држави на  Република Македонија, како што е активната МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА, МКД “ИЛИНДЕН” Риека, МКД :ОХРИДСКИ БИСЕР” Загреб и други Македонски културно-просветни организации во Р.Словенија, Австрија и понатаму во европските држави.

(Нај ефикасни би биле Македонските Национални Комитети (МНК), по државите во светот, ако беа оснивани,  како и постојните активни Македонски заедници, најповеке од поголемите градови на Австралија, Канада и Европа).

Од Република Македонија:

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК);

– Сите помали постојни Македонски политички партии кои се за сочувување на уставното име на Македонија;

– Новите оснивани Македонски политички партии.

До кого да се достават барањата од македонските невладини организаци и од помалите политички Македонски партии?:

– До Секретарот на Генералното Собрание на Обединетите нации;

– Претседателот на Обединетите нации;

– Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ако не се согласат овие наведени институции на Обединетите нации, да ни дадат ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, за краток рок, да бараме  помош од БРИК, Русија, Кина… и од сите држави кои го признаваат уставното име на Македонија, а кои ги има околу 126 или повеке.

Ако Европската унија не сака да ја прими Р.Македонија со уставното име, за член на унијата до парламентарното гласање во април 2016 година, да прекинат сите преговори и да се бара од нив признавање за ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Ако НАТО ја прими Р.Македонија со уставното име, без обврски за вклучување на воени единици на Армијата на Р. Македонија во борби и војни против Руската Федерација и Славјанските односно Словенски народи на Источна Европа и без обврски за користење на војни цели, на територијата на републиката, , тоа ке биде награда за досегашното обезправените Македонци во светот и за суверена

Република Македонија. За  благодарност, македонците ке ги зајакнат своите пријателства со сите народи во светот, а посебно со тие народи и држави, каде живее македонската емиграција. која има длабоки врски, пријателства, склучени бракови со едни од постојните 160 националности и 60-тина мајчини јазици во кои спаѓа и македонскиот јазик, во мултикултурните и мултинационалните општества, како Австралија, САД, Канада.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top